Зоран Заев е главата на криминалниот октопод

Соопштение до јавноста

Се додека аболицираниот криминалец Зоран Заев е на власт во Македонија не може да има правда. Од човек кој три пати е амнестиран за тежок криминал не може да се очекува дека ќе воспостави владеење на правото.

Никој во Македонија не верува дека криминален ум каков што е Зоран Заев не е вмешаш во најголемата криминална афера во независна Македонија, случајот рекет.

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод!

Странски медиуми објавија снимка на која јасно се гледа како Боки 13 или по ново Боки Тредичи зема милионски суми рекет во име на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Целата јавност говори за улогата на обвинителката во случајот, за улогите на Кики, Фрики, Шеки и сите останати, а обвинителството останува глуво и слепо пред овие наводи.

Русковска во екот на најголемата криминална афера во историјата на Македонија замина на одмор. Ваквото несериозно однесување на обвинителството во најмала рака е срамно. Омилената обвинителка на Зоран Заев цел месец ја убедува македонската јавност дека Боки Тредичи сам без поддршка на највисоките структури во власта и без поддршка на Јанева „мавал“ рекет низ цела Македонија.

Одговорност за овој скандал мора да има. Обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта  во спротивно станува соучесник во криминалот на Зоран Заев.

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...