СДСМ предизвикува повеќе штета отколку што води корисни политики во земјоделскиот сектор

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап.

Мерката „Зелена нафта“ е една од низата на популистички и козметички мерки од кои земјоделците немаат никаква корист.

Оваа мерка може само половина од земјоделците во Република Македонија да ја користат. Односно СДСМ треба да одговори зошто предвидува само 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија регистрирани се над 100.000 македонски земјоделци.

СДСМ навистина да се грижеше за земјоделците како вели секој ден, требаше да ја намали акцизата и со тоа би се постигнал вистински ефект кој би ги ставил во рамноправна основа сите граѓани на Република Македонија.

СДСМ со мерката „Зелена нафта“ само докажува дека е лош менаџер. СДСМ предизвикува повеќе штета отколку што води корисни политики во земјоделскиот сектор.

Затоа е потребно што поскоро да се распишат предвремени парламентарни избори за да се стави крај на блескањето на Зоран Заев и неговата мафија.

 

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...