Одговори на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Господине Јанушев како ќе ја коментирате улогата во овој страшен мега скандал на Врховниот Суд бидејќи он исто така е вмешан во финалната одлука во однос на судбината на Камчев во случајот „Империја„?

Одговор: Токму на обвинителството, меѓутоа не на ова обвинителство на Русковска, некое независно обвинителство треба да ја докаже, да ја документира и да ја поднесе на суд значи целата вмешаност на сите инволвирани. Токму и сега на овој прес повикуваме, значи да не остане оваа истрага и овој пред само на двајцата извршители, туку да се прошири и на нарачателите, меѓутоа и на сите инволвирани кои знаеле, а го штителе овој криминал и целиот овој случај во однос на случајот „Рекет“.

Прашање: Дали после ова може граѓаните да имаат надеж дека обвинителството, обвинителите во државата без некој ветинг би можело да има правна држава? Кој е вашиот став?

Одговор: Значи во однос на вашето прашање  и во однос на моменталната ситуација во којашто се наоѓаме, јасно кажавме дека особено после ова денес што го видовме целото обвинителство, ова обвинителство  на Вилма Русковска е крајно компромитирано и очекуваме во иднина само преку она за што се залагаме , а тоа е принципиелна работа, воспоставување систем на владеење на правото  онака како што во целиот оној изминат период всушност и предлагаме со нашиот предлог за измените на Законот за јавно обвинителство да се воспостави конечно ред и да се воспостави систем на вистинско владеење на правото.

Прашање: Дали ќе побарате оставка од Русковска?

Одговор: Во моментов бараме оставки од буквално сите и бараме предвремени избори. Секој кој што е вмешан во овој случај, меѓутоа и сите случаи на криминал, на корупција, на непотизам ќе одговора. Значи не,  треба да одговара, туку ќе одговара.

Прашање : Датумот кој што го спомна Заев за предвремени избори беше два месеци пред редовните практично, октомври 2020, вие зборувате за итни предвремени избори. Тоа што значи, барате за напролет, како ќе инсистирате?

Одговор: Како што знаете пред извесен период претседателот Мицкоски соопшти два можни датуми, ние инсистираме на избори кои  што нормално ќе ги запазат сите законски рокови, во однос на формирање на техничка влада и во однос на спроведување на фер и демократски избори. Дали ќе биде точниот датум оној што го предложивме или ќе биде некоја недела или месец порано , тоа е нешто што треба во следниот период секако доколку конечно се охрабрат и најдат храброст да прифатат предвремени избори, а очекуваме тоа да го направат покрај сите овие работи кои што се случуваат од страна на СДСМ да се организираат избори.

 Прашање: А што ако не прифатат?

Одговор: Нормално дека благовремено ќе известиме кои ќе бидат нашите идни чекори и делувања.

Прашање: Ќе инсистирате за април?

Одговор: Само што дадов одговор дека првично треба да бидат исполнети сите законски и уставни услови за организирање на изборите.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...