Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Упативте неколку апели, дали ова може да се земе како закана кон сите?

Одговор: Видете не знам каде видовте закани во мојата прес конференција напротив мојата прес конференција во насока на правната држава во ниту еден момент не беше закана, туку беше апел сите вработени во институциите кои што се вклучени и инволвирани во овој потенцијален криминален и коруптивен тендер  да внимаваат што потпишуваат бидејќи сите знаеме дека постојат притисоци од страна на власта бидејќи се што ќе потпишат што не е законски никој подоцна нема да им прогледа низ прсти бидејќи мора еднаш засекогаш да се врати правната држава и секој кој што ќе направи ваква кобна грешка во висина од половина милијарда евра само со еден потпис може да одговара бидејќи тоа се пари на сите граѓани тоа се пари на државата.

Прашање: Се очекува одлука од Апелација практично да се произнесе за случајот со Јанакиески и Димовски за злоупотреба на државно земјиште. Што очекувате?

Одговор: Видете изминатиот период бевме сведоци на повеќе изјави на власта низ медиумите како се сугерираат одлуки кон судот кои што подоцна од судот се прифатени. Во овој случај апелираме до Апелациониот суд да се постави над целата ситуација, да останат глуви и неми на сите политички притисоци за овој политички монтиран процес и да во име на правдата и правото да донесе вистинска одлука која што ќе биде во насока на правната држава. Да не потпаѓаат под политички влијанија од страна на власта и да ја донесат правилната одлука за овој политички монтиран процес.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...