Мора да го чуваме споменот и мора да ја чуваме унитарна и целовита Македонија, затоа што се бореа овие луѓе

Интегрален текст од изјава за медиуми на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Тука сме денес на 18 години од оваа голема трагедија која што се случи тука на Карпалак. Да изразиме почит кон хероите, кон оние кои што ги положиле своите животи тука за да ја одбранат Република Македонија, да ја одбранат нејзината самостојност и територијална целовитост. Нив им должиме многу, практично им ја должиме оваа слобода која што ја имаме денес. И најмалку што можеме да направиме е да се поклонуваме и вечно да го имаме нивниот спомен.

За нивните семејства тоа е вечен непробол, за Македонија тие се херои. Такви беа, се и ќе продолжат да бидат. Како и сите останати кои што го положија животот во 2001 година, сите оние кои што беа повредени и сите кои што учествуваа во тој воен конфликт.

Мора да го чуваме споменот и мора да ја чуваме унитарна и целовита Македонија, затоа што за тоа се бореа овие луѓе.

За жал гледаме дека во изминатиов период Македонија е нападната, но со нивниот аманет мора да продолжиме да се бориме и да ја чуваме државата.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...
<