Општина Гази Баба под раководство на СДСМ и Борче Георгиевски продолжува да се партизира и приватизира

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Жаклина Пешевска, пратеник од пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“

Почитувани,

Општина Гази Баба под раководство на СДСМ и Борче Георгиевски продолжува да се партизира и приватизира.

Општина во која наместо живот има стагнација, нереализирани проекти, услови за живот кои се далеку од нормални за времето во кое живееме.

Граѓаните се разочарани и се чувствуваат измамени бидејќи ветувањата на СДСМ и Борче Георгиевски останаа само слово на  хартија.

Но затоа вработувањата на партиски кадри не престанува, а за сметка на тоа долгогодишни професионалци се отпуштаа од работа.

Со еден збор како што милува деспотот Заев да каже блескаме, ама блескаме во делот на непотизам.

Последно од низата на партиски вработувања, унапредувања и именување на директори со класичен пример за непотизам е поставувањето на директор на основното училиште „Наум Наумовски Борче“.

Имено, новата директорка на ОУ „Наум Наумовски Борче“ е сестра на директорот на средното училиште „Михајло Пупин“. Братот директор, сестрата директорка.

Тoa e принципот на функционирање на СДСМ, роднински и тесно партиски.

Граѓаните нема да останат неми на овие случувања и ќе го казнат лицемерното однесување на СДСМ.

Затоа што граѓаните на Гази Баба заслужуваат многу повеќе.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...