Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање, новинар: Прашање надвор од темата, советниците на Зоран Заев започнаа со интензивна кампања да прогласуваат критички настроени медиуми и оние кои што не им одговараат, не им се воодушевуваат, за лажни вести. Како ќе одговори опозицијата на ова, ќе проба ли некако да ги заштити овие критички настроени медиуми и новинари од намерата за цензурирање?

Одговор: Како ВМРО-ДПМНЕ го кажавме нашиот став во минатото дека ова е враќање во 1949 година, односно во еден друг политички систем кој што е дел од минатиот век. Тоа е карактерна особина на овие политичари кои што се практично заменици на политичарите од тој политички систем од средината на минатиот век. Обидот за цензура е недозволив, обидот за цензура на Зоран Заев да се случи само онаа вистина која што тој сака да ја слуша, практично ја кажав јас и на денешната прес конференција. Тоа е еден паралелен свет кој што е различен од оној вистинскиот и реален кој што го чувствуваат граѓаните кои што живеат во беда и сиромаштија и со празни паричници. Истото тоа се рефлектира и во делот на работењето на медиумите во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки кои што му стојат на располагање да се спротивстави на овој обид, сталинистички обид на Владата на Зоран Заев и обидот да се замолчат критичките новинари и медиуми на сметка на оние апологети кои што се скапо платени со пари од државниот буџет во кој што сега гледаме како сива еминенција располага и управува Зоран Заев.

Прашање, новинар:После последната средба на работните групи за Законот за обвинителство верувате ли дека ќе има консензус во овој правец?

Одговор: Јас секогаш верувам дека доколку постои честита намера од спротивната страна дека е можен консензус. Тука на една ваква слична прес конференција го објаснивме го елабориравме нашиот предлог за Законот за јавно обвинителство кој што е согласно законите кој што е согласно Уставот и кој што навистина има реформски цели на сметка на оној предлог закон кој што го  испорача Владата, кој што има една единствена цел, пресметка со политичките неистомисленици, продолжување на политичкиот прогон и по можност затворање, односно угушување на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи знаат дека на следните парламентарни избори ќе бидат декласирани и дека ќе бидат во опозиција и ќе мора да сносат одговорност за целокупната оваа промашена ненародна криминална и коруптивна политика изминатиот период. Така што да го сумирам одговорот на вашето прашање. Јас сакам да бидам оптимиста и верувам дека ќе се вразумат од Владата и дека ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој што е апсолутно согласно законите и согласно Уставот во Република Македонија.  Јас сум свесен дека ќе излезат повторно со вакви и ли такви коментари, авторот  на тој текст кој што е главен кочничар  во преговорите, но и предлагачот на овој текст. Но и свесен сум бидејќи единствената цел во овие преостанати неколку месеци е токму непринципиелна и насилна пресметка со опозицијата, но ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме принципиелен став. Имаме став кој што е во согласност со законите и Уставот во оваа држава и не се плашиме да го елаборираме и да се соочиме со фактите и аргументите од спротивната страна кој што за жал, еве може да  ви кажам дека на тие преговори посебно од страна на изготвувачот на тој закон изостануваат туку тие состаноци изобилуваат со еден вид изразено чувство одмазда, чувство за атак и политичка пресметка со неистомислениците, во случајот опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ.

Прашање, новинар:Како продолжение на ова, таму функционираат, зборувам за Законот за обвинителство и СЈО, функционираат работни групи, истото се случува и со пописот, иако можеби таму процесот полесно се одвива барем по првата средба. Што е со изборниот законик третата точка со која што се судрени со власта, дали таму можеме да очекуваме работни групи, особено во контекст на барањето на за предвремени избори?

Одговор: Работни групи постојат по сите три основи и по Законот за јавно обвинителство и по Законот за попис, но и по оние измени кои треба да следуваат по Изборниот законик, а кои што се резултат на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Така што преговорите течат, ќе продолжат да течат се надевам дека на крај ќе постигнеме едно компромисно решение по сите овие точки, но се разбира тоа компромисно решение треба да биде решение кое што ќе донесе развој и просперитет во оваа држава, а нема да биде резултат на политички желби на поединци и авторитети во власта, предводени од СДСМ и Зоран Заев.

Прашање, новинар: Кога предвремени избори во таков случај ако се договорите?

Одговор:Видете како опозиција час поскоро ние бараме предвремени избори и тука нема никаква дилема, тоа сме го кажале во многу наврати во минатото. Практично предвремените избори се одлична можност Зоран Заев да провери дали навистина блеска или блеска само во друштво кога е со неколкумина негови обожаватели. Така што опозицијата е подготвена веднаш штом парламентарното мнозинство одлучи да ги распише тие предвремени парламентарни избори иако ние како опозицијата знаете дека инсистираме на предвремени парламентарни избори и две дати дури предложивме, едната да биде на почеток на април, имајќи ги во предвид Велигденските празници, другата да биде некаде крајот на мај имајќи ги во предвид Рамазанските празници следната година. Останува сепак на парламентарното мнозинство да одлучи се разбира, ние се што ни стои на располагање, сите оние демократски алатки ќе ги искористиме да ги убедиме од парламентарното мнозинство дека час поскоро ни се потребни предвремени парламентарни избори. Не само што во економијата имаме економски цунами туку генерално на политичката сцена во Република Македонија имаме една плеада на коруптивни и криминални скандали кои што гледам дека се нижат секојдневно. Не би ме изненадило доколку тие продолжат со иста динамика во периодот кој што следи, во кој што главни актери се луѓе кои што се дел од врхушката или блиски до врхушката на власт се разбира предводени од Зоран Заев и од СДСМ. Октоподот има широко распространети пипци.

Прашање, новинар: Господине Мицкоски, дали април, мај  или октомври како што рече премиерот Заев, секако наредната година е изборна. Дали ќе се менува изборниот модел, дали останувате на барањето за мнозински изборен систем или разговарате за намалување на бројот на изборни единици? Можеби на една?

Одговор:Ние на тие разговори, на тие преговори ќе ги изложиме нашите симулации, нашите гледишта како треба да изгледа практично еден изборен циклус во Република Македонија, а да даде одговор на барањето на најголемото мнозинство граѓаните во Република Македонија. Немам дилема дека на крајот треба да постигнеме договор барем што се однесува на оние препораки на ОБСЕ и ОДИХР тука немам никаква дилема, бидејќи на тој начин само ќе се подобри квалитетот на изборниот модел. Што се однесува на методологијата, бројот на изборни единици итн. да оставиме работните групи да поработат да излезат со заедничко мислење.  За нас неколку предлози во минатото беа атрактивни. Тие предлози како политичка партија на прес конференција сме ги кажале на тие предлози треба вредно да се потроши времето и да се позанимаваме практично со тоа што се вели предлог и на опозицијата.

Прашање, новинар: Уште едно потпрашање на темата за која говоревте, околу економската кондиција што евентуално би го наследиле раководењето со земјата по наредните избори. Дали мислите дека е толку лоша што како што рековте не би можеле да се сервисираат долговите, односно земените кредите? Толку е лоша состојбата.

Одговор: Видете во овој момент ние имаме реализација, еве ќе се обидам пластично да одговорам. Тоа е како да имате едно семејство кое што ќе го заложи сопствениот дом, без разлика дали е стан или куќа и ќе подигне кредит на тој дом, ќе ги потроши парите по луксузи итн. И потоа кога ќе дојде денот да го отплаќа земениот заем ќе нема како да го сервисира и тогаш ќе остане и без сопствениот дом. Отприлика таква е моментално ситуацијата во Република Македонија и токму еден од трите столба во стратегијата на Зоран Заев за останување на власт беше приграбување на министерството за финансии дополнително задолжување, еве видовте почнуваат несразмерно, нелогично да ја подготвуваат македонската јавност за едно такво задолжување од половина милијарда за изградба на Клинички центар иако  имавме Клинички центар кој што требаше да се изгради и ќе беше 5 пати поевтин од овој кој што го планира Зоран Заев, а ќе беше еднакво функционален во споредба со овој кој што го планира Зоран Заев. Но се разбира со тој немаше можност за Зоран Заев да корумпира и она кое што како индиција го имаме, а врз основа на анализата на перформансите и структурата на македонскиот буџет е дека практично него ќе му биде потребно издавање на нова државна обврзница која што практично ќе ја понуди на меѓународниот пазар од минимум половина милијарда евра, а кои средства на него ќе му бидат потребни за санирање на буџетскиот дефицит, но истовремено и за обид за корумпирање на граѓаните во Република Македонија. Ситно корумпирање се разбира, за да може да игра на картата на кратко помнење за сите оние анационални лоши криминални и погрешни политики кои што беа дел од неговото политички битисување изминативе веќе три години.

Прашање, новинар:Сметате дека е толку лоша ситуацијата, може да се случи она Грчко сценарио должничко?

Одговор:Па моментално како што стојат работите, одиме кон такво сценарио и ако продолжиме неконтролирано да се задолжуваме имаме 2 избора, првиот избор е да ги сведеме на минимум капиталните инвестиции, впрочем тоа во некоја мерка и се случува, бидејќи капиталните инвестиции се на едно многу ниско ниво, рекордно најниско ниво од тоа што досега било пракса во минатото. И второто е да продолжиме да се задолжуваме до момент кога што нема да можеме да го сервисираме долгот. Инаку нема друга алтернатива за овие авантуристички политики на Зоран Заев.

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...