Македонското општество се гуши во криминалот и корупцијата на власта

Соопштение до јавноста

Македонското општество се гуши во криминалот и корупцијата на власта. Криминалниот октопод на СДСМ со своите пипци навлезе во секоја пора.

Инволвираноста на високи државни и партиски функционери на СДСМ во случајот ,,Рекет” е евидентна. Сега веќе е очигледно дека невладината органиција на Боки 13 е замешана во сомнители трансакции, а во неа членуваат видни фунцкионери на СДСМ и луѓе блиски до власта. Се потврдуваат сите сомнежи во јавноста за криминалот и корумпираноста на овие луѓе.

Главата на овој криминален октопод е Зоран Заев, човек кој три пати е аболициран за тежок криминал. Каде завршија 750-те илјади евра кои биле подигнати од госпоѓата чија е идејата за изградба на станови? Оваа госпоѓа тврди дека парите и биле земени од луѓе кои се дел од невладината организација на Боки 13. Дали овие пари завршиле кај високите функционери на СДСМ кои се дел од сојузот?

Тоа не е се, на сметка на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски завршиле и 233 илјади евра исплатени од градежна фирма од Струга, каде се овие пари?

Дали функционери од СДСМ добивале пари од овие сомнителни трансакции?

Обвинителството мора да почне да си ја врши својата работа и да ги истражи овие индиции. Правосудните органи мора да се ослбодат од пипците на октопод, бидејќи во спротивно тие стануваат дел од оваа криминална банда.

Правдата во Македонија ќе се врати кога Зоран Заев ќе стане политичка историја. Кога ќе заврши тажната политичка кариера на овој човек ќе одговараат сите кои се дел од ова криминално здружување на чело со главата на октоподот.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...