Ако на Заев и СДСМ им требаа речиси три години власт за да донесат една смешна мерка тогаш колку години им се потребни за да ја реализираат ветената просечна плата од 500 евра?

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Диме Велковски

СДСМ и Заев продолжуваат да ги лажат и потценуваат граѓаните.

 

СДСМ и Заев наместо да носат конкретни мерки од кои најголема придобивка ќе имаат граѓаните на Република Македонија, тие се фалат со мерки кои што не му носат ништо на народот.

 

Криминалната СДСМ се фали дека со намалување на парното ќе врати 200 денари кај граѓаните, а притоа заборава да спомени колку милиони евра зема директно од џебот на граѓаните преку катастрофалните економски политики кои што ги спроведува.

 

Ако на Заев и СДСМ им требаа речиси три години власт за да донесат една смешна мерка каде што граѓаните ќе плаќаат помала сметка за 200 денари, тогаш колку години им се потребни за да ги реализираат ветените 500 евра просечна плата, 100.000 денари плата за докторите и изградба на  600 километри автопат?

 

Ваквата популистичка мерка на СДСМ не може да го прикрие осиромашувањето на граѓаните.

 

СДСМ и Заев не водат грижа за граѓаните и затоа треба да заминат час поскоро.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...