СДСМ да одговори кои се членовите на групата што скандираа “Северна , Северна”?

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ  кое се однесуваше на одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Кои се членовите на групата што скандираа “Северна , Северна”?

 

Кој им дал таква задача и дали тоа го правеле само заради едно капче, сендвич или го правеле за многу посериозен надомест?

 

Која е таа “северна” и колку ваквото скандирање ја милува “жицата македонска” на Зоран Заев?

 

СДСМ е срам за Македонија и Македонците.

 

Заевиот СДСМ е срам и за искрените и чесни членови на партијата, кои знаат дека Македонија е пред се и над се.

 

Патем, интересен е изборот на СДСМ да не го коментира случајот Рекет во кој што се длабоко заглавени а од целата прес конференција да реагираат само на одговори на новинарски прашања.

 

Но, во интерес на јавноста и на оваа манипулацијана СДСМ ќе одговориме. СДСМ и Зоран Заев прославата на Илинден ја претворија во партиска прослава.

 

СДСМ и Зоран Заев организираа илјадници полицајци и исто толку партиски послушници само за да не се сретнат со народот и да се чувствуваат конфорни на Мечкин Камен.

 

СДСМ и Зоран Заев не само на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на претставниците на семејството Кареви и на другите илинденци од Крушево, не им овозможи соодветно да се поклонат пред спомен обележјата.

 

На крајот на краиштата СДСМ и Зоран Заев организираа прослава која беше срам за целата јавност во која што се фалсификуваше историјата на Македонија и нејзината борба за самостојност.

 

 

 

 

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...