Одговори на новинарски прашања на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

Прашање, новинар:Зошто не ви дозволија да положите венец?

Одговор: Власта затоа што соодветно на програмата која што ја добивме беше предвидено да биде во 9 часот. Намерно го поместиле за во 8 и 30 часот, без да не информираат а после тоа бевме спречени од полицијата со образложение дека ниту едно возило надвор од возилата околу премиерот не смеат да се движат. Ниско, долно и немам друг збор кој што можам да го употребам.

Прашање, новинар:Зошто не аплаудиравте на говорот на Заев?

Одговор: Не можам на Заев да му аплаудирам. Максумум што можам е да го игнорирам. Не можам да му аплаудирам затоа што ја понижи Македонија. Затоа што го промени името на Македонија. Економски ја опустошува и ја краде секој ден. Затоа што ова е најкорумпирана Влада. Тука сум и тука сме за да оддадеме почит на  Илинден, а не на Заев. Заев, максумум што можам е да го игнорирам. А многу го почитувам Илинден, и затоа сме тука.

Прашање, новинар:Пред нашата камера тука, насобраните кажаа дека се организирани од штаб, од партија. Маичките им ги дале исто така од штаб. Истите тие луѓе потоа вербално напаѓаа новинари кои што ги препознаа како опозициски. Како ќе го коментирате овој нецивилизациски чин?

Одговор: Па, не нападнаа вербално и нас. Што да ви кажам, на најголемиот празник во Македонија, да ова го прави власта, немам зборови. Еден срам за целата држава и она што ни се случи сабајлето. Би сакал да потенцирам дека и на фамилијата на Никола Карев, како и на фамилиите на останатите Илинденци не им беше овозможено да отидат ниту на Македониумот, нити на Слива. Нешто невидено во минатото. Тие всушност, во утрината, и дадоа изјави за ова работа што само покажува каков е односот на оваа власт. Јас знам дека се плашат, знам дека имаа многу безбедносни мерки оваа утро плашејќи се од народот, но тој страв од народот не треба да го истурат врз семејствата на Илинденците. Тоа е срам за Македонија.

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...