Мисајловски: После „Рекет“ правната држава стана само фикција

https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-posle-reket-pravnata-drzava-stana-samo-fikcija/?fbclid=IwAR2KrPKJpKLebB64N_T3TxzOA8UXsBRVgP1wh7HNPKfJdnxMt-_LLi3BfLU

Интервју на Потпретседателот на ВМРО=ДПМНЕ Владо Мисајловски за порталот „Република“

Националниот празник 2 Август е добар повод да поразговараме за националните теми со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. За кого дојде животот во Македонија, верува ли во правната држава после „Рекет“ – Мисајловски очекува само едно – дека оваа власт не може да ги исполни ветувањата што ги даваше, па затоа својата стратегија ја темели на една цел – прогон на опозицијата. Сепак, Мисајловски е оптимист дека и покрај репресијата, медениот месец на СДСМ ќе заврши на следните избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја освои довербата на граѓаните

Актуелните случувања не можат да се заобиколат – случајот „Рекет“. Очекувате ли дека истрагата ќе оди до крај, односно до мозокот на „Рекет“?

Мисајловски: Случајот „Рекет“ е еден од најголемите скандали и афери на оваа власт, очекувањето од сите граѓани е истрагата да се сведе до крај, но сепак останува сè уште енигма кој се стои во целата операција што се изведувала подолго време и кој сè тргувал со правото и правдата. Очигледна е инволвираноста на високи луѓе од власта, но за ниту еден од нив не можеме да видиме ниту истрага ниту обвинение. Доколку се увиди дека дел од власта е мозокот на целиот случај, тогаш Владата веднаш треба да си поднесе оставка и да се оди на предвремени избори. Затоа не случајно напоменав дека останува целата енигма до каде сè се раширени пипците на овој октопод  за да се добие целата слика на мозаикот. Со селективна истрага секој може да забележи дека некого само ќе го пуштат низ вода за од друга страна да си ја остварат поголемата цел, а тоа е да си ја задржат власта по секоја цена. Низ годините поминати на оваа владејачка гарнитура како единствени проекти што можат да си се пофалат се само прогонот и тргување со правото. Оваа власт, за жал, не може да ги исполни ветувањата кои ги даваше, затоа својата стратегија ја темели на една цел, а тоа е опозицијата да се гони и притвора, секој еден што не размислува како власта да биде угнетуван, санкциониран а секако и девалвиран во општеството.

Верувате ли во правна држава?

Мисајловски: Спрегата помеѓу судството и власта е повеќе од јасна и граѓаните со право целосно ја изгубија довербата во правната држава. Сите можеме да го видиме ефектот на создавање на хибридни и неуставни институции кои сега се вмешани во најголемиот скандал и рекет. Истите тие имале примарна цел, да тргуваат дали некој ќе добие истрага или обвинение. Сведоци сме дека пресумпција на невиност важи само за луѓето што се блиски до власта и никако не се ни стигнува до сите нив, но затоа пак за опозицијата, истакнати личности во општеството, бизнисмени, новинари и други профили на луѓе што не ѝ се додворуваат на оваа власт не важи пресумпцијата на невиност или пак, поедноставно кажано, секој медиум близок до власта веднаш ги оцрнува со полно име и презиме и ги прогласува за виновни. Секој ден имаме нов скандал, имаме случај каде што градоначалници ги предаваат своите ингеренции на владата бидејќи не важи правото за сите подеднакво и не сакаат да постапуваат, а од друга страна власта воопшто не реагира, сведоци сме на наместени тендери, но и за тоа нема трага ни глас за санкции и преземање одговорност. Толку многу негативни примери има на оваа тема, што, за жал, може да констатираме дека правната држава стана само фикција.

Дојде живот – слоганот на СДСМ со кој дојде на власт. За кого дојде живот?

Мисајловски: За жал, секојдневни теми на оваа власт се криминалот и корупцијата, а поради тоа вистинските потребни реални теми воопшто не се дискутираат или веќе се заборавени. Ветувањата можеме да слушнеме како сè уште ги повторуваат а веќе се во третата година на власт, едноставно кажано граѓаните се излажани од оваа власт и нивниот слоган „Дојде живот“ ќе биде запамтен како „Пројде живот“. Нема нови инвестиции, нема нови училишта и градинки, нема нови болници, нема нови автопати, нови мерки за земјоделците, односно нема нови реформи на кое било поле, а од друга страна се труди власта со козметичка шминка да прикаже дека нешто сработила. Едноставно веќе не им поминува, прочитани се. Многу генерации што не знаат или пак заборавиле што значи владеење на СДСМ сега се уверија и на следните избори масовно ќе ги казнат за сите лаги, предавства, рекет, корупција, тргување со правото и неработливост.

Премиерот Зоран Заев годинаа на 2 Август ќе биде со Македонците на Мечкин Камен. Дали сметате дека е иронично човекот кој изјави дека Македонците крадат историја, човекот кој го продава Гоце Делчев, на ваков голем македонски празник да се појави меѓу Македонците?

Мисајловски: Оваа власт се дефинира како трговец-поединец, тргува со правото, тргува со правдата, тргува со идентитетот, но и со историјата, односно тргува со сè што е важно и вековито за нас. Денеска е 2 Август, денот кој е симбол на македонската борба за државност, слобода и непокорот на нашиот народ, затоа сите ние треба да се присетиме на ваквите свети настани од историјата, да ги величаме и да ги негуваме. Македонија низ вековите се водела од постулатите на пркосот и истрајноста во борбата за независна држава, кодот на Македонецот секогаш постоел и никогаш нема да згасне. Нека е честит Илинден на сите граѓани.

Има ли ВМРО-ДПМНЕ сила да се врати на власт? Партијата доживеа многу удари од актуелната власт – пресуди, притвори, замрзнат имот… Верувате ли дека и покрај се наредните избори ќе ги добиете?

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е најмоќниот политички бренд во Република Македонија, а се разбира и најдобрата организација која посветено работи на терен со народот, партија која е државотворна и реформска. Колку и да продолжуваат со ударите, сè подлабоко се закопува власта дека ова го прави против ВМРО-ДПМНЕ системски и стратешки за да се намали и македонштината во секој од нас. ВМРО-ДПМНЕ има сила, има квалитетни луѓе и ќе победи на следните избори и не само што верувам во тоа, туку и тоа набрзо ќе се оствари.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...