Цела врхушка на СДСМ и на Владата фатени во рекетарски октопод сега се перат дека немале поим за што станува збор

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев се спореди со Борис Џонсон и со Макрон, за цела година на наседнување на пранкерите: Сега Костадин Костадинов, неговиот ученик, се споредува со Чарлс Гарет, амбасадорот Гарет! Фатени до гуша во афери и криминални скандали, цела врхушка на СДСМ и на Владата фатени во рекетарски октопод сега се перат дека немале поим за што станува збор! Така е тоа кога ментор и лидер им е аболициран криминалец.

Костадин Костадинов е дел од таканаречената невладина во која активно членуваат половина влада и цело раководство на СДСМ. Откако се појави рекетот на виделина овој тенисерски тим заборави на изјавите давани претходно. Костадинов мора да даде прецизен одговор, дали го злоупотребил своето влијание како пратеник, портпарол и помошник на Заев, но и поранешен градоначалник на Струмица, за остварување на корист на ова рекетарско здружение?

Костадинов има изјавено:

„Се чувствувам исклучително среќен и горд поради одлуката на Меѓународниот сојуз – Скопје, да бидам прогласен за негов почесен член, а особено сум горд што како општина Струмица имајќи го во предвид нашиот слоган, „Секогаш први“ си застанавме и цврсто стоиме на зборот, токму јас прв во оваа држава како градоначалник на општина Струмица, да бидам почесен член на овој Меѓународен сојуз, ви благодарам Боки. Покритието за таа моја надеж лежи во фактот што на функцијата в.д. градоначалник дојдов како наследник на долгогодишниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, кој на дело покажа дека е вистински урнек“.

Урнек, аболициран криминалец!

Па Костадинов понатаму вели: – „Првичната соработка со господинот Јовановски, веќе вроди со плод, па чинам дека сме на добар пат, да ги ставиме своите потписи на најавениот меморандум за соработка помеѓу Меѓународниот сојуз и општина Струмица, на взаемно задоволство, а пред се на задоволство на оние на кои што ќе им бидат најпотребни плодовите од таа соработка“.

Почитувани,

Ова е многу повеќе од само почесен член и немање никаква врска со активностите на рекетарското злосторничко здружување. За каков вроден плод зборува Костадинов, колкава била неговата улога во изнудите, до каде е замешан помошникот на Зоран Заев?

Почитувани,

Костадинов кој беше вмешан во непотистичката мрежа, сега во аферата „Рекет“, вели стоел на располагање на институциите, ама институциите ќе оделе на одмор! Обвинителката Русковска, наместо брзо да го разреши октоподот, таа ќе оди на одмор, а случајот се забошотува.

Причината е јасна, постои страв дека ако се прошири истрагата тогаш постои огромна веројатност да излезат на виделина сите конекции и поддршки кои што ги имал првообвинетиот Бојан Јовановски наречен Боки 13 со обвинители, но и политички функционери на СДСМ. Веќе постојат сериозни индиции дека токму невладината организација на Боки 13, Меѓународниот сојуз била параванот преку кој што се правеле уцени, изнудувања, рекет и сомнителни трансакции. Токму оваа организација вмрежува голем број партиски функционери на СДСМ како Костадин Костадинов, Фросина Ременски, Ѓорѓи Галетановски, поранешниот Генерален секретар на партијата СДСМ и други во низата наречеи Боки 13 и пријателите.

Партиската декларацијата на која што се повикуваат е иста како на декларацијата од 1997 за борба против октоподот. Не СДСМ, Свети СДСМ да сте, ќе одговарате сите до еден, залудни ви се лажните партиски декларации. Одговорност мора да има и ќе има, кога ќе почне обновата на Македонија и вистинската бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...