Заев донесе слобода за криминалците, а страв за граѓаните

Соопштение до јавноста

Зоран  Заев е главата на криминалниот октопод. Зоран Заев го пушти на слобода Жан Железарски, кој наместо да биде во затвор рекетира, се заканува и тепа луѓе низ Кочани.

Заев донесе слобода за криминалците, а страв за граѓаните. Недолжни луѓе ги трпат криминалните банди  на Заев и нивниот терор.

Власта не се справува со криминалот. Власта го стимулира криминалот. Убиецот на Мартин Нешковски наместо во затвор е на слобода, на слобода се и двајцата убијци од Арачиново кои ликвидираа три деца, а во затвор лежат граѓани за прекршок кога немаат пари да ја платат казната.

Убијците од „Монструм“ се на слобода, а искрени патриоти и родољуби во затвор. Зоран Заев си игра со судбината на цели семејства.

Законите во Македонија не важат кога е во прашање власта. Нема отворен случај за Драги Рашковски, за кого постои сомнение дека сторил криминал, а во станица се повикуваат и малтретираат новинари, кои објавиле материјали и информации од интерес на јавноста.

Нема постапка против Катица Јанева, а целата јавност бруи дека таа е обвинителот кој ги извршувал ветувањата од  „Рекет“.

Зоран Заев е сеуште премиер, иако неколкукратно е видео и аудио документиран во барање мито.

Хаосот во кој СДСМ ја втурна државата мора да престане. Македонија заслужува правдина. Граѓаните очекуваат правда. Потребни се итни предвремени парламентарни избори и ЈО кое ќе биде финансиски независно и отпорно на влијанија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...