Царовска како и нејзиниот шеф Заев вршат дискриминација на вработените по градинките

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Снежана Калеска Ванчева 

СДСМ ги манипулира граѓаните со лажни проекти.

Неколку дена по ред Царовска и Заев ги лажат вработените во градинките. Ветуваат покачување на плата, а на почетокот на годината им ја намалија за околу 900 денари. Причина за намалувањето на платата на вработените од градинките не им ги појаснија.

Царовска како и нејзиниот шеф Заев вршат дискриминација на вработените по градинките.

Единствена премолчена вистина од страна на СДСМ е дека покачување има само за даватели на услуги, вработени со високо образование со 240 ЕКТС, a намалување на плати има за административни службеници – вработени со високо образование 240 ЕКТС.

Лагите на СДСМ одамна се прочитаа, граѓаните веќе не им веруваат. Поради овие лаги Царовска не заслужува да е министер, а Заев премиер.

Реално покачување на платите и подобар живот за граѓаните ќе има кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...