Стоилковски:На Македонија и се случи трет економски колапс откако СДСМ дојде на власт

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

И тоа го дочекавме, Кочо Анѓушев да каже дека министерство за финансии лаже и шири лажни вести! Само за Кочо Анѓушев и за Зоран Заев до него, информациите од Финансии за катастрофалното ниво од 20% реализирани капитални проекти се – лажни вести, ете и тоа го слушнавме вчера.

Почитувани,

Далеку е работата од смешна! Заев, Анѓушев и сиот економски октопод во владата, од предвидените со буџетот 422 милиони евра – за добробит, за инфраструктура за граѓаните, потрошија само за половина година и употребија само 86 милиони евра! Тоа е само една петтина од парите за годинава! И тоа се официјалните податоци од министерството за финансии, министерството кое насилно е присвоено од Зоран Заев. И сега убедуваат дека до крајот на годината ќе потрошат дури 336 милиони евра.

Може, но каде и за што? Оние што не се способни за 6 месеци да инвестираат ни 100 од над 400 милиони евра, сега за 6 месеци ќе потрошеле 336 милиони! Ете тоа треба да се случи за да се постигне оној просек за кој што збори Кочо Анѓушев! Но тие пари да не завршат на криминални иновации, наместени тендери, луксузни автомобили или кожни гарнитури за седење, или пак на платите на вработените роднини.

Почитувани,

Не постои ниту еден аргумент зошто во Македонија нема капитални инвестиции. Овој „500 евра просечна плата“ тим, овој „600 километри автопат“ состав, овој „Економска година“ систем, го повторува фијаското од лани кога за половина година беа реализирани неполни 17%. Годинава постигнаа втор најлош резултат последната деценија. Првиот квартал, заврши со едвај 6%. лани кон крајот на годината исто велеа еве само што не тргнала економијата, растот ќе се реализира, биле откочени клучните проекти, дека интензивно ќе се работи.

И падна клучната реченица: Следната година, се мисли на оваа, ќе биде година на економијата, економскиот раст и подобар живот за граѓаните, еве се уверивме преку реализација на капиталните инвестиции.

Реалноста и бројките велат: Економијата тоне, власта не реализира нови инфраструктурни проекти, нема изградба на нови болници, средни и основни училишта, градинки и спортски сали. Аболицираниот Заев ја собре изградбата на Клинички центар во Скопје, ни трага нема од 600 километри автопат – освен оној што сам се отвори, нема 550 километри магистрални или пак 1.000 километри локални патишта.

Почитувани,

Доста е со лаги од Октоподот предводен од Заев. Ова е трета година, трет буџет на СДСМ, трет економски колапс по ред, трето тонење на капиталните. Нема оправдувања, само голи факти! Нема економија без капитални инвестиции, нема економија без правда, нема економија со рекетиран бизнис, нема економија со аболицирани криминалци! Нема економија со Заев, со Анѓушев, со Рускоска – Кацарска, нема економија со рекети и платеници! На Македонија е и потребна коренита обнова за да може да исплива од канџите на сиромаштијата со СДСМ!

 

 

 

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...