Царовска како нејзиниот шеф Заев прави дискриминација на вработените по градинките низ државата

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Вработените во градинките станаа жртви на лагите на  СДСМ.

Царовска секој ден оди по градинките и ги лаже вработените дека ќе им ја зголеми платата. А, не сака да им одговори на истите вработени зошто на почетокот на годината им ја намали платата за околу 900 денари.

Царовска како нејзиниот шеф Заев прави дискриминација на вработените по градинките низ државата.

Вистина е само дека покачување има само за даватели на услуги, вработени со високо образование со 240 ЕКТС, a намалување на плати има за административни службеници – вработени со високо образование 240 ЕКТС.

Поради овие лаги и манипулации Царовска не заслужува да остане министер на МТСП.

На СДСМ и нивното деструктивно владеење треба да се стави крај.

Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар живот.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...