Претседателот Мицкоски оствари средба со помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Т. Рикер

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски оствари средба со вршителот на должност, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија г. Филип Т. Рикер.

На средбата се разговараше за потенцијалот за развој на меѓусебните односи, актуелната политичка состојба и реформските процеси важни за државата.

Соговорниците ја истакнаа важноста за развој на македонско американското стратешко пријателство и поддршка на процесите важни за Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги објасни деталите и аспектите на предлог законот за организирање на обвинителството кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ и важноста за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот од секаков тип.

Мицкоски на средбата ја изрази својата загриженост поради лошата економска и политичка состојба и ја нагласи потребата за засилени реформи во процесот на исполнување на стратешките приоритети на Република Македонија.

Претседателот Христијан Мицкоски ја потврди заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка соработка и развој на македонско американските односи.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...