Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски учествува на 30тиот Балвањос летен камп во Тушнад Романија

Соопштение до јавноста 
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски учествува на
30тиот Балвањос летен камп во Тушнад Романија. Тоа е најголем летен младински
камп во Европа на кој учествуваат околу 80 илјади учесници. Кампот е
меѓународен настан кој се смета за форум на прекуграничната соработка и
политички дијалог, спротивставени аспекти и размислувања во јавните и
политички прашања. Поканетите говорници дебатираат за актуелните политички
теми и прашања.
На настанот ќе земат учество голем број политичари, претседатели на
невладини организации, тинк тенкови и фондации, професори од повеќе светски
универзитети. Дел од учесниците кои ќе се обратат се Кларк Џудџ од Америка,
унгарскиот министер за земјоделие Иван Наѓ, унгарскиот министер за финансии
Михали Варга, Јудит Варга министерот за финансии, европратениците Лорент
Винсе и Андреа Босцкор како и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Потпретседателот Александар Николоски има обраќање на тема
„Застапување на државите во меѓународни организации“ каде што со млaдите од
цела Европа ќе го сподели своето долгогодишно искуство на оваа тема, особено
од неговата долгогодишна активност во Совет на Европа.
Покрај своето обраќање потпретседателот ќе има и бројни билатерални
средби со министри на европски држави, претседатели на тинк-тенкови и
фондации и европратеници. На средбите ќе информира за актуелната политичка
состојба во Македонија, економскиот неуспех на Владата, огромната корупција во
државава како и за националното обезличување на македонскиот народ.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...