Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Господине Мицкоски, Рикер на сабајлешната прес конференција зборуваше за Законот за јавно обвинителство и точно апострофираше на опозицијата да го подржи, и како што рече тој не е време за политички. Ова што го кажувате како ВМРО-ДПМНЕ дека нема да се сложи со Законот за ЈО дали ќе му ја испратите оваа  порака на Рикер со вашиот став?

Одговор: Никаде во изјавата на господинот Рикер, јас не слушнав дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го подржи овој текст кој што е предложен од страна на владата. Токму тоа имаше за цел оваа прес конференција, јас на самиот почеток од оваа прес конференција кажав од кои принципи се водеше ВМРО-ДПМНЕ што изработи ВМРО-ДПМНЕ за да биде вистински реформски закон и кој што ќе биде закон кој што вистински ќе го резонира обвинителството во Република Македонија.  Ја покануваме владата и експертите од владата да престанат да го штитат криминалот, да престанат да играат политички игри да седнат заедно со опозицијата на разговараат на неколку теми меѓу кои предвремени парламентарни изброи, закон за Јавно обвинителство и се она што е актуелно во државата да ги дефинираме за да може да ја ослободиме Македонија од политичкиот притисок и политичките игри на СДСМ и владата во Република Македонија.

Прашање: Дали тоа значи дека иницирате лидерска средба?

Одговор: Јас на претходната лидерска средба кажав дека секоја лидерска средба за мене е прифатлива на која што ќе се разговара и договори датум за предвремени парламентарни избори меѓу другото ќе се разговара и за останатите отворени теми меѓу кои ќе биде и Законот за ЈО.

Прашање: Дали овој закон сега што го презентиравте вие ќе го доставите до Собрание како предлог на опозицијата или пак бидејќи веќе е доставен предлогот на власта во форма на амандмани?

Одговор: Да одработи решение коешто е многу слабо. ВМРО-ДПМНЕ за само неколку недели одработи решение коешто му треба ќе ни дозволите уште мала техничка доработка и веднаш потоа јавноста ќе биде информирана за тоа како ќе постапиме. Но, се разбира нашата цел беше овој закон да биде компариран со оној закон којшто го предложи Владата, да може јавноста да суди и пресудува кој вистински сака да се бори против криминалот и корупцијата во оваа држава, а кој е заштитникот и промотерот на корупцијата и криминалот во оваа држава.

Прашање: Како ќе го коментирате таканаречениот акцискиот план за  спречување на дезинформации со кој според фелата се дискутира дека станува збор за цензурски обид?

Одговор: Обид за враќање во 1949 од минатиот век, цензура на медиумите и контрола  на слободно демократски искажаната мисла, но тоа  беше невешто вчера изведено  или пред два дена, од човек којшто не ја владее материјата, од човек којшто видовме како се изгуби на самата прес конференција и токму поради тоа можам да кажам дека навистина  ниту една европска вредност во изминативе неколку прес конференции од страна на првиот во Владата, а устата е полна со европски вредности нити јас, нити огромно мнозинство граѓани можат да видат. Цензурата не е европска вредност. Но, јас ве охрабрувам вас новинарите да ги информирате сите релевантни меѓународни институции, новинари без граници затоа што оваа реформирана комунистичка власт мотивирана од едноумието на минатиот век сака да стори со слободната и демократска мисла во Република Македонија.

Прашање: Вчера од собраниската говорница премиерот  Зоран Заев истакна дека мора да се донесе Законот за јавно обвинителство во септември во спротивно би се донел во непријатен и непосакуван начин. Како ја коментирате оваа изјава, кој е тој начин и што значи тоа?

Одговор: Заканите се карактерна особина на човек којшто не знае што прави и јас како само таков можам да го искоментирам неговиот настап вчера во рамките на Собранието на Република Македонија,јас сум сложен дека треба да се донесе реформски закон не само во овој, сите реформски закони коишто се потребни не за да ни каже некој од надвор, туку затоа што ние од внатре треба да се реформираме и да направиме од нашата држава подобро место за живеење. Но, тоа треба да биде согласно законите и Уставот на оваа држава и треба да биде навистина реформски, не да носиме закони коишто ќе бидат алатка на политички елити за злоупотреба и пресметка со политички противници и неистомисленици, а понатаму нивна амнестија поради сторениот криминал и индиции за сторениот криминал.

Прашање: Ако нема време господине Мицкоски, за вашиов Закон за јавното обвинителство, можно ли е  да се состанат работните групи кои во моментов се во статус кво позиција?

Одговор: Јас не ја гледам причината, зошто не би се состанале и зошто не би работеле периодот, работните групи, но повторно ќе кажам ние мораме да дефинираме неколку точи меѓу кои е и датум за предвремени парламентарни избори.

Прашање: Господине Мицкоски, господинот Рикер пред малку порача да се престане со политичките игри и порача на опозицијата да се вклучи во процесот, што ќе му кажете на Рикер дека ова е вашиот начин на кој престанувате со политички игри?

Одговор: Јас ќе имам можност за неколку часа од сега да му кажам на господинот Рикер кој игра политички игри во оваа држава и се надевам дека ќе имам можност детално да го образложам сето тоа. А, господинот Рикер како искусен дипломат слушајќи ги двете страни и страната на Владата и страната на опозицијата во оваа држава се надевам дека ќе донесе правилчна одлука. Господинот Рикер ќе повторам дека во ниеден момент не рече дека опозицијата треба да се однесува по принципот земи или остави. Искусни дипломати и луѓе кои што се едуцирани во демократски средини не размислуваат како Зоран Заев кој сака да наметне едноумие и цензура на слободната мисла во Република Македонија. Така што јас ве уверувам дека не постои друга поконструктивна улога на опозиција, ниту пристап од овој што го прави ВМРО-ДПМНЕ. Ние тука веќе не можеме да дискутираме за конструктивна опозиција. Треба да се отвори прашањето дали Владата е конструктивна? Дали ВМРО-ДПМНЕ како опозицијата во државата, во Република Македонија беше потенцирана од страна на високи претставници од Европската комисија години наназад како конструктивна опозиција, како опозицијата која што беше вклучена во изработка на реформските закони, а потоа и нивно носење во рамките на парламентот.

Дали во рамките на Бундестагот имаше отворено признание за она што го направи ВМРО-ДПМНЕ, во носењето на законите од безбедносните служби, Одговорот е да. Така и сега, откако видовме дека Владата е неконструктивна и единствена цел е пресметка со политичките неистомисленици, заштита на криминалот и корупцијата, заедно со експертската јавноста, заедно со луѓе од фелата, партиските капацитети, изработивме решение, ајде да дебатираме за квалитетот на решението и да видиме дали едното или другото е спротивно на Законите? Дали се поставува прашањето во оваа држава имаме привилегирани политичари, обвинители, судии, адвокати или сите се еднакви пред законот. Законот кој што го нуди СДСМ не е таков, таму има привилегирани. Никогаш, никогаш нема да се сложам со кршење на закони, како што тоа е предвидено со законот за Јавно обвинителство на СДСМ. Каде што практично се испишани имињата и презимињата на луѓето кои што треба да бидат дел од новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција. А, Катица Јанева поради овој срам кој што и го нанесе на Република Македонија треба да биде унапредена во Републички јавен обвинител. Никогаш со тоа нема да се сложам.

Прашање: Господине Мицкоски Алтернатива на Африм Гаши ја предлага Фатиме Фетаи на чело на новото Обвинителство, но од друга страна Алијансата на Албанците предлага странец обвинител, кој за вас е прифатлив предлог?

Одговор: Секој предлог кој што ќе значи вистинска и безкомпромисна борба  за организираниот криминал и корупција за нас е прифатлив. Начинот на кој што ќе се организира персоналот во рамките на тоа ново формирано обвинителство или доколку го прифатат нашиот по многу основи поразумен предлог новоформирано одделение во рамките на обвинителството за организиран криминал и корупција, ќе значи најпрвин бенефит за граѓаните, а потоа во втор план да ги оставиме интересите на политичките партии и политичарите во Република Македонија. Повторно ќе кажам ние треба луѓе да се реформираме затоа што ние треба да направиме подобро место за живеење, а не затоа што некој надвор ќе ни ги истегне ушите и ќе ни каже дека тоа така треба.

Оваа држава може и оваа држава заслужува подобро. Тоа ќе го кажат граѓаните на следните предвремени парламентарни избори, оваа корумпирана врхушка од власт ќе замине, а сите тие кои што се огрешиле пред законот или постојат индиции без разлика на која политичка партија и припаѓаат, без разлика како се викаат ќе одговараат и ќе се соочат со правдата. Ќе имаат подеднакви можности да докажуваат дали се виновни или невини.

Ние денеска живееме во општество во кое што гледаме како осудени затвореници јавно му се заблагодаруваат на премиерот. Зарем е тоа општеството во кое што ние треба да ги воспитуваме нашите деца? Зарем тоа е правдата? Зарем тоа е независното обвинителство? Зарем тоа е независното судство? Утре треба да излезам пред студентите на факултет, што да им кажам?

Прашање: Останувате ли на предлогот, судијата Владимир Панчевски да го води ова обвинителство?

Одговор: На тоа прашање дадовме одговор немам ништо што да велам и да одземам. Ви благодарам.

Прашање: Рековте дека ВМРО-ДПМНЕ се залага сите предмети да ги преземе Јовевски, врз основа на советите на експертите добро, но тоа како ќе влијае на обвиненијата за кои веќе има судски процеси, некои се на половина, некои се на крај?

Одговор: Не се залага само малку дозволете ми да ве корегирам. Така е согласно принципот на субординација и дефиниран со Уставот и законите. Едно обвинителство, еден државен јавен обвинител. Тој е тој кој што ќе одлучи  каде тие обвиненија и процеси припаѓаат? Дали припаѓаат во новоформираното обвинителство или одделение, како и да се договориме.  Дали тие ќе припаѓаат во Основните обвинителства, не смееме ние со законот да дефинираме процеси? Зарем не слушаме експертската јавност што кажува, а имаме барем секој втор ден по некакви изјави на луѓе кои што се експерти во таа работа.

Прашање: Добро но тоа како ќе влијае на обвиненијата за кои  веќе има судски процес некои се на половина некои се пред крај?

Одговор:Токму тоа ако ме следевте внимателно но еве ќе се обидам да повторам. Реков на онаа фаза на која што се наоѓаат ќе ги преземе државниот јавен обвинител без разлика дали се тие во моментот на разгледување на докази во доказна постапка , распит на сведоци , завршни зборови или с ена ниво на жалба или така натаму . Онака како што во моментот се затекнати така да ги преземе господинот Јавен обвинител господинот Љубомир Јовески но не само тие предмети да отвориме и за предметите да видиме како се случи за време на референдумот имаме 98 % излезеност да видиме кој ги снимаше  и ој даде наредба да се снимаат обвинители и судии, да отвориме случаи и по допрен глас и за овие предмети кои што изминативе недели ги гледаме . Ајде да отвориме за се ајде да се впуштиме во бескомпромисна битка против криминалот без разлика како се викаме  на која позиција сме и на која политичка партија и припаѓаме.

Прашање: Дали тогаш сте за и преземање на истрагите на СЈО во кои практично  отидоа во вода со предлог законот?

Одговор: Господинот јавен обвинител има можност, државен јавен обвинител секогаш и апелирам кон него по допрен глас доколку има индиции да отпочне истрага за било какво , повторувам доколку има индиции за било какво сторено кривично дело дали тоа кривично дело ќе кулминира во рамките на истрагата со обвинение а потоа низ транспарентен судски процес со обвинителна или со ослободителна пресуда јас не би навлегувал и не би сакал да претскажувам како некои политичари што ќе се случува бидејќи верувам во пресумпцијата на невиност. ОД тие причини, ќе повторам го охрабрувам господин Јовески уште еднаш да се зафати за работа да ги организира капацитетите во рамките на  Јавното обвинителство и да отпочне бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција во Република Македонија. Ќе повторам без разлика на име, презиме, функција, партија, нација.

Прашање: Што вашиот предлог предвидува за избор на државен јавен обвинител?

Одговор: Нашиот предлог за избор на државен јавен обвинител го задржа истото законско решение за да не бидеме обвинети дека ВМРО ДПМНЕ еве уценува државен јавен обвинител да биде на предлог на опозицијата. Еве целокупната  доверба нека биде кај господинот Јовески нека се вклучи он во бескомпромисна битка со организираниот криминал и корупција за да не биде ВМРО ДПМНЕ тој којшто  ќе биде обвинуван дека се вклучува или го стопира овој процес. Се надевам дека многу работи ќе бидат појасни после оваа прес-конференција и многу работи не се онакви какви до сега беа презентирани од луѓето од изготвувачот и од предлагачот  на законот којшто нарушија многу принципи и на политичко и на правно дејствување.

 

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...