Мицкоски: Нема компромис во борбата против криминалот,предлагаме закон со кој ќе се заштити правдата

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани претставници на медиуми,

Почитувани присутни,

ВМРО-ДПМНЕ водејќи се од следниве принципи владеење на правото, почитување на законите, почитување на Уставот, анализа на меѓународното применливо право, а имајќи ја во предвид вистинската намера на Владата предводена од СДСМ со носење на насилнички пат веќе проверен во минатото на Законот за Јавно обвинителство кој што има за цел единствен атак врз политичките неистомисленици и како второстепена цел при промена на власт заштита на злосторниците и криминалците од врхушката на СДСМ, во консултација со стручната јавност, во консултација со експертите користејќи ги партиските ресурси одлучи да изработи сопствено решение. Решение кое што се темели на вистинските вредности почитување на правото и безкомпромисна битка против организираниот криминал и корупцијата во Република Македонија.

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Ја користам оваа прилика да направам компаративна анализа помеѓу она кое што го изработи СДСМ, а се со цел притисок врз политичките неистомисленици и во подоцнежна фаза амнестија на злосторниците и сторителите на корупција и криминал од врхушката на СДСМ. И она кое што ВМРО-ДПМНЕ го изработи како вистински, реформски закон кој што можеме да го наречеме Закон кој што ќе биде безкомпромисна борба против организираниот криминал и корупција во Република Македонија.

Имено првиот принцип кој што сакам на оваа прес конференција да го анализирам е принципот на фузија помеѓу ресурсите на СЈО и ресурсите на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Идејата во Законот на СДСМ, идејата во Законот на Владата кој што го достави во рамките на македонското Собрание е фузија на овие две обвинителства во едно ново обвинителство кое ќе биде наречено Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Во овој дел донекаде е прифатена забелешката на ВМРО-ДПМНЕ, забелешка која што беше во првичната фаза дискутирана на ниво на работни групи помеѓу претставници на Владата и претставници на опозицијата. Иако прелогот кој што  ВМРО-ДПМНЕ го предложи е формирање на посебно одделение во рамките на обвинителството за организиран криминал и корупција кое што ќе се нарекува одделение за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Овој дел од законот можеме да кажеме дека владата го прифати тоа што ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата го сугерираше. Понатаму, би сакал да дискутирам околу обединување на ресурсите на СЈО и тие би ги поделил во два дела. Првиот дел се човечките ресурси и вториот дел се процесните ресурси.

Според предлогот на СДСМ, Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева треба да биде унапреден во Републички јавен обвинител имајќи предвид дека Катица Јанева во СЈО дојде од Основно обвинителство што значи дека треба да биде унапредена во две скали, а останатите обвинители кои што дојдоа од други обвинителства треба со закон, повторувам со закон каков што нема во ниту еден случај во Светот да бидат превземени од новото обвинителство за гонење на криминал и висока корупција. Тоа е грубо кршење на законот се уште повторувам важечкиот закон за СЈО кој што предвидува по престанот на мандатот сите обвинители кои што се дел од СЈО треба да се вратат во матичните обвинителства.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е сите обвинители согласно законот на СЈО да се вратат во матичните обвинителства после престанокот на мандатот, детална истрага за срамниот случај Рекет, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, нејзината релација и врска со двајца осомничени кои се наоѓаат сега во притвор, но не и помалку значајна нејзината релација со определени псевдоними за кои што јавноста шпекулира дека се дел од врхушката на власт.

Истовремено проверка и детална анализа и истрага за директната или индиректната вмешаност на сите обвинители, кои што беа до сега помошници на Специјалниот јавен обвинител. Дури потоа откако ќе се констатира дали биле или не биле дел од овој срамен процес наречен Рекет тие и како сите останати обвинители во државата ќе имаат можност да конкурираат на однапред објавен конкурс и да бидат дел доколку ги исполнат условите за новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Се поставува прашањето дали ние вистински се бориме против криминалот со тоа што Катица Јанева ќе ја унапредиме во републички јавен обвинител, амнестирајќи ја однапред иако сеуште не е потврдено дали е виновна или дали е дел, имаме само изјава од страна обвинителката којашто го работи предметот дека нејзините гласови се слушале како во материјалот којшто е како доказ приложен за нејзе и дали треба останатите обвинители без да истражиме дали тие имале директно или индиректно учество со закон да им го продолжиме  мандатот во новото обвинителство притоа сите останати обвинители во Република Македонија да ги навредиме и да ги направиме некомпетентни иако чесно и одговорно со години наназад си ја вршеле својата работа. И втор тоа се вработените во рамките на Специјалното јавното обвинителство, 90 проценти од нив се луѓе коишто се во тесна роднинска врска со јавната специјална обвинителка или нејзините помошница обвинители, нејзини соседи, роднини, пријатели.

Денеска е работа и професионална фела да си снаа идна на Катица Јанева или да си внук на Катица Јанева за да можеш да добиеш работно место во рамките на Специјалното јавно обвинителство, а не професионални квалификации.

Ние не можеме да се сложиме да со закон овие луѓе бидат префрлени во ново формираното обвинителство и не можеме да прифатиме дека сите останати квалитетни правници во државата ќе немаат рамноправна можност како овие привилегирани внуци, ќерки, сестри, братучеди да конкурираат на оглас којшто би го распишало евентуално новото обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ се залага за транспарентен процес на избор на најквалитетните луѓе коишто треба да бидат истражители или друг тип на административен кадар во рамките на новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Зарем тоа е опструкција или тоа е конструктивен пристап.

Трето сите предмети од процесите коишто се започнати на ниво на обвинение до 30.06.2017 година, СДСМ и Владата предлагаат кршење на законите и Уставот и истите да бидат превземени од новиот обвинител којшто ќе го води обвинителството новоформирано за гонење на организиран криминал и висока корупција, притоа непочитувајќи го со Устав загарантираниот систем во рмаките на обвинителството. ВМРО-ДПМНЕ се залага сите тие предмети во фаза во која што се, дали е доказна постапка, дали е распит на сведоци, дали се завршни зборови или некоја друга фаза, да ги преземе државниот јавен обвинител и истите да ги прераспредели согласно со процесите и советите на експертската јавност, онаму каде тие дела припаѓаат. А потоа да се продолжат истите тие случаи.

Да се почитува Уставот и принципот на вертикална субординација, на едно согласно уставот обвинителство во Република Македонија, а тоа е државното јавно обвинителство.

Четврто, предлогот на СДСМ предвидува финансиска независност само на новоформираното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Дали тоа не е навреда за сите останати обвинители во државата. предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е финансиска независност на целокупното државно обвинителство, од 0,8 до 1 процент од државниот буџет, секоја година да се одвојува за потребите на државното јавно обвинителство. А државниот јавен обвинител почитувајќи го со устав загарантираниот принцип на вертикална субординација да врши реалокација согласно decision-making процесот внатре во рамките на државното јавно обвинителство и потребите на истото. Самите тие независно надвор од било какви политички влијанија да вршат приоритизација на случаите кои што ќе бидат предмет на нивна истрага.

Понатаму предлагаме, спрега и кочница бидејќи видовме како еден монарх во кој што меѓународната јавност, домашната јавност, практично имаше неограничена доверба истата ја прокоцка и злоупотреби. Ние не можеме да се согласиме на формирање на уште еден монарх кој што можеби би го повторил истото однесување. Затоа предвидуваме спрега и кочница. Доколку обвинител под политичко влијание или мотивиран од други побуди покрене обвинение и низ судски процес се констатира дека тоа обвинение не било издржано и се нанесе штета на угледот на физичкото и правното лице.

И доколку физичкото лице или правното лице бараат во судски процес надомест на штетата која е нанесена поради нарушениот углед, обвинителот и од буџетот на државното јавно обвинителство таа штета да се надомести. А, не од паричниците на граѓаните и даночните обврзници, затоа што некој обвинител бил употребен или злоупотребен поради политички цели или други мотиви.

ВМРО-ДПМНЕ, почитувани претставници на медиумите,

Почитувана македонска јавност,

Е свесна за значењето на моментите со кои е соочена Република Македонија. И ги повикува граѓаните, сите граѓани без разлика на партиската припадност, без разлика на етничката припадност да застанат на браникот на државните интереси. Државен интерес е во Република Македонија да имаме пристојно место за живеење со нула толеранција за криминалот и корупцијата која што во последно време ја искажува Република Македонија на врвот на скалите кои што се занимаваат со мерење на оваа проблематика. Нема компромис со криминалот и корупцијата од каде и да доаѓа, од чии редови да доаѓа. Битката мора да биде безкомприомисна и да биде до крај. Вистинските злосторници и луѓе кои што се огрешиле мора да бидат изведени пред лицето на правдата и врз еден транспарентен судски процес да бидат осудени или ослободени.

Ја користам оваа прилика да го повикам државниот Јавен обвинител веднаш, безкомпромисно, доста од публика, доста набљудува, да се вклучи во борбата против организираниот криминал, против корупцијата. Да не се плаши да отвори по допрен глас постапки, а ги има десетици и од оваа политичка елита и врхушка на власт но и од сите политички елити во минатото. Го повикувам, таа можност ја има согласно Устав и согласно законите. Тој е единствениот кој што може да покрене согласно закони и Устав, постапка доколку се констатира дека има индиции за сторен криминал.

ВМРО-ДПМНЕ нема да се сложи со предлог закон кој што има две цели. А, ги кажав на почетокот на оваа прес конференција. Првата пресметка со политички неистомисленици во случајот со опозицијата, и втората заштита на криминалот на сегашната врхушка на власт кога ќе се сменат политичките прилики а тоа ќе биде многу скоро во Република Македонија.

Пред законот сите се еднакви без разлика дали се викале Христијан, дали се викал Зоран, дали биле од ВМРО-ДПМНЕ, дали биле од СДСМ, од ДУИ, дали биле од Алијансата, дали биле од БЕСА или од останатите политички партии.

Доста ги разочарувавме нашите граѓани. Доста е од бледи соопштенија и прес конференции, време е да се фатиме за работа, време е и тоа им го должиме на граѓаните да се вклучиме во бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата.

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...