Jaвноста се уште не знае кои се високите функционери од СДСМ, Кики и Фрики од злосторничкото здружување што рекетирало

Соопштение до јавноста

Аболицираниот Заев ја укина правната држава, стави крај на правото и правдината во Република Македонија. Нашата држава е единствена во Европа во која во затворите има политички затвореници, додека вистинските криминалци ги тероризираат улиците ширум државата, а дел од нив се сместени на Илинденска бб.

Институциите под контрола на Заев наместо да го гонат криминалот и сторителите, ги гонат оние кои известуваат за истиот и ги обелоденуваат на јавноста криминалните зделки на челниците од власта. Новинарите, слободата на изразување и вистината се најголемите непријатели на лажгото Зоран Заев.

Поминаа речиси две недели, истрагата за случајот Рекет се уште не е проширена. Jaвноста се уште не знае кои се високите функционери од СДСМ, Кики и Фрики кои дел од злосторничкото здружување што рекетирало македонски политичари, бизнисмени и граѓани. Главата на криминалниот октопод се уште е на слобода.

Катица Јанева веќе две недели има слободен простор да влијае на сведоците и доказите, поради нејзината службена положба.

Русковска обвинителството не ни помислува да тргне по главата на криминалниот октопод. Не истражуваат бидејќи е јасно дека на врвот на оваа криминална банда е аболицираниот Заев.

Вилма Русковска повторно го амнестира човекот кој веќе три пати е аболициран за тежок криминал, Зоран Заев. Русковска ја амнестира главата на криминалниот октопод одговорен за случајот Рекет, Зоран Заев.

Со Зоран Заев како премиер во Република Македонија не може да има правда. Со Кацарска судството и Русковска обвинителството Македонија не може да биде правна држава. Правда ќе има кога оваа криминална банда ќе замине од политиката во Македонија, а тогаш ќе одговараат сите кои сториле криминал, како и оние кои требале истиот да го казнат, а го амнестирале.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...