Заев ја загрози слободата на медиумите во Македонија

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Заев започна да удира во медиумската сфера.

Зоран Заев во паника бидејќи знае дека на следните парламентарни избори губи започна да гони медиуми и врши притисоци врз новинари кои објавуваат сомненија за корупција на власта.

Вчера во полиција беа повикани двајца новинари, а еден медиум заврши со емитување на програма затоа што Заев, негови функционери, СЈО и сопственикот на медиумот рекетирале милиони евра.

Слободата на медиумите во Македонија е загрозена, слобода на говор нема, а со ваквото нецивилизирано однесување на власта се загрозува и европската иднина на државата.

ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе започне ера на слободно изразување. А, тоа многу бргу ќе се случи кога Зоран Заев ќе си замине од политичката сцена во Република Македонија.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...