Наместо да гонат криминал, институциите по налог на Заев гонат медиуми и вршат притисоци врз новинари

Соопштение до јавноста

Наместо да гонат криминал, институциите по налог на Зоран Заев, гонат медиуми и вршат притисоци врз новинари кои објавуваат сомненија за корупција на власта.

Вчера во полиција беа повикани двајца новинари, а еден медиум заврши со емитување на програма затоа што Заев, негови функционери, СЈО и сопственикот на медиумот рекетирале милиони евра.

За аболицираниот Заев не беше доволен политичкиот прогон кој го вршеше врз опозицијата, па удира и во медиумската сфера.

Криминалната банда на чело со Заев се обидува да ги замолчи и цензурира медиумите кои ги разоткриваат криминалите и корупцијата на власта. Акцискиот план на човекот кој е синоним за лаги и дезинформации, за борба против дезинформирањето не е ништо повеќе од класичен обид за цензурирање на медиумите во Република Македонија.

Слободата на медиумите во Македонија е загрозена, слобода на говор нема, а со ваквото нецивилизирано однесување на власта се загрозува и европската иднина на државата.

Случајот ,,Рекет” е најголема потврда за уцените и заканите со кои се користи власта во пресметка со неистомислениците. Најголемите непријатели на лажгото Заев се оние кои ја говорат вистината за неговото владеење, новинарите.

Откако новинарите Љупчо Златев и Горан Момировски и го обзнанија на јавноста мега скандалот со местениот тендер ,,Leonardo will win”, тие беа повикани на распит во МВР. Наместо обвинителството да го истражи овој случај, на мета на институциите се најдоа оние кои го обзнанија криминалот на власта.

Лагите на Заев веќе не минуваат во јавноста па оттаму произлегува причината да се дискредитираат сите оние кои ја говорат вистината за неговото владеење преку обвинувања за лажните вести.

Ваквите орвелови чекори на криминалната власт за општа цензура, само го забрзуваат нејзиниот пад. Во Македонија ќе дојде време кога граѓаните, новинарите, медиумите ќе можат слободно да се изразуваат, а тоа ќе се случи кога Зоран Заев ќе си замине од политичката сцена во Република Македонија.

 

 

    Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...