СДСМ се обидуваат со гол популизам да го покријат криминалот на нивната Влада предводена од Зоран Заев

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

СДСМ се обидуваат со гол популизам да го покријат криминалот на нивната Влада предводена од Зоран Заев, но и рекетарскиот октопод кој е под директна заштита на власта

Тие на граѓаните треба да им одговорат колку просечни плати на воспитувачки, негувателки и стручни соработници завршија во рекатарскиот-политички-обвинителско-медиумски скандал во кој вмешани се Катица Јанева, но и Коки, Зоки, Фрики, Кики, Шеки, Раки и слични ликови.

Јавноста знае дека милионите завршуваат во џебовите на ваквите ликови, а на граѓаните им се замачкуваат очи со прес конференции како оваа на Костадин Костадинов или изјави како на таа на Мила Царовска.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...