Ристески: Власта со една рака положува цвеќе на споменикот на Ченто, а со друга рака потпишува распродавање на македонските национални интереси

Интегрален текст од изјава за медиуми на Петар Ристески, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Почитувани,

Денес на 62-годишнината од смртта на првиот претседател на Република Македонија, Методија Андонов-Ченто, со посебна чест сме тука да се поклониме пред неговиот споменик.

Навистина сум посебно горд, бидејќи како член на ВМРО-ДПМНЕ, стоиме на патот кој го трасирал Методија Андонов-Ченто, работиме на остварување на идеалот за кој тој живеел и се борел, самостојна, суверена, независна и силна Република Македонија. Но, морам да го изразам моето огромно незадоволство од лицемерието на политичарите од власта.

Тука се, со една рака положуваат цвеќе на споменикот на Ченто, а со друга рака потпишуваат распродавање на македонските национални интереси. Го сменија уставното име на Република Македонија, воведоа двојазичност на целата територија во државата и тука во Прилеп, ја распродаваат најевтино македонската историја, се спротивно на она за кое Ченто се борел.

Не само што распродаваат се’ што е македонско, туку во своите намери газат преку најголемите великани како Ченто и неговото семејство и фамилија. Како што Ченто настрадал од нивните предци, сега му ја кројат судбината и на неговиот правнук Јане Ченто, кој борејќи се за истиот идеал на својот прадедо, сега отслужува затворска казна одредена од оваа предавничка власт.

На крај да запрашам, зошто се одбележува 62-годишнината од смртта на Методија Андонов-Ченто, без присуство на членови од неговата потесна или поширока фамилија?

Оваа предавничка власт мора да падне и ќе падне. Но последиците ги чувствуваме сите. Македонскиот народ е свесен што се случува и верувајте на првите избори ќе ги смести овие предавници онаму каде што им е местото, на буништето на македонската историја заедно со најголемите предавници во историјата на Република Македонија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...