Мицкоски: Власта знае дека не може да победи на фер избори и сега прави обиди со директен притисок врз судството и обвинителството да се пресмета со опозицијата

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју во вестите на ТВ Сител истакна дека СДСМ и Зоран Заев се свесни дека не можат да победат на избори без разлика дали се предвремени парламентарни или редовни па се обидува преку директен притисок врз судството и обвинителството да се пресмета со опозицијата.

-Се што е после 30 јуни повторно ќе кажам е правна фикција и обид на премиерот и министерката бидејќи не можат со конвенционални методи да ја победат опозицијата на следните парламентарни избори, предвремени парламентарни избори да се обидат на ваков начин преку навигација на судски обвиненија и  судски пресуди односно директен притисок меѓу обвинителството и судството, нагласи Мицкоски.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...