Мицкоски: Вистинската намера со отпочнатите процеси на СЈО надвор од законите е притисок и рекетирање на бизнисмени и политичари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за интервју во централниот дневник на Сител телевизија посочи дека вистинската намера за започнатите обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство е всушност притисокот, уцените, заканите и рекетот врз бизнисмените и политичарите, додавајќи дека според мислењето од Врховниот суд СЈО е неовластен за покренувања на истраги после 30 јуни 2017 години

После 30 јуни 2017 година Специјалното јавен обвинител, тужителот во овој случај е неовластен според мислењето на Врховниот суд кое што е дадено оваа година, отпочнува процеси кои што се надвор од  законот кој што претходно е усвоен.

Еден таков процес кој што кулминира со обвиненија е случајот „Таргет“, вели Мицкоски.

-Тоа е исто како сега јас и вие да отпочниме истрага, при таа истрага да прибавуваме докази и откако ние ќе заклучиме дека имаме доволно количество на докази да создадеме еден документ кој што ќе го именуваме како обвинение и потоа судовите  врз основа на тоа обвинение да водат судски процес кој што ќе кулминира на крај со ослободителна пресуда или со осудителна пресуда. Со тоа се докажува вистинската намера на изготвувачот и предлагачот, во случајот министерката за правда Рената Десковска и претседателот на владата Зоран Заев. Вистинската намера е јасна да се направи случај кој што понатаму ќе се користи за притисок и рекетирање на бизнисмените и уцена и притисок и политичарите, заклучи тој.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...