Мицкоски: Се залагаме јавниот обвинител да може да отпочне истрага за било кој случај за кој постои сомнеж а се однесува на рокот надвор од мандатот на СЈО

„Сите предмети кои што се изготвени и отпочнати после 30 јуни се правна фикција и тие во правниот систем согласно постоечкото применливо право, законите и Уставот и согласно последното мислење на Врховниот суд  практично и не постојат. Но, за да не бидеме ние обвинети дека ние сме еден вид на заштитници на криминалот секогаш постои опцијата државниот јавен обвинител по допрен глас да ги отпочне овие процеси, да поведе истрага, да виде дали во таа истрага ќе присобере доволен број на докази и тие докази да ги преточи во обвиненија па потоа тоа обвинение да кулминира со осудителна или обвинителна пресуда“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во централниот дневник на ТВ Сител.

Тој додаде дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ се темели врз уставот и законите потенцирајќи дека тие се залагаат доколку државниот јавен обвинител прибави докази за било кој случај споменувајќи го и случајот Талир кој е започнат од СЈО после истечениот рок за покренување на истраги и обвиненија а има за една цел а тоа е пресметка со неистомисленици и со опозиција, ќе може да покренува истраги да прибавува докази и доколку постои било каков сомнеж за сторен криминал ќе може да покренува обвиненија.

-Затоа законите и уставот се јасни, нашиот став се темели на законите и уставот а тоа е јасен и вели вака Да за ново обвинителство или ново одделение ќе што ќе гони организиран криминал и висока корупција, тука немаме никаква дилема, да за сите случаеви кои што се до 30 јуни 2017 година, но истите преземени или прераспределени од првиот во рамките на таа субординација, тоа е државниот јавен обвинител кој што го води државното јавно обвинителство а сите останати случаи, односно да бидам по прецизен случајот Талир кој што е покренат после 30 јуни 2017 година, јас знам само за еден тоа е случајот Талир и тој случај кулминира со обвинение, сето останато е на ниво на истрага и ние не знаеме далии тоа ќе кулминира со обвинение. Имаме само еден случај тоа е случајот Талир и случајот Талир е јасен зашто е конструиран и се наоѓа таму каде што е, се со цел пресметка против политичките неистомисленици, во случајот опозицијата. Но повторно ќе кажам државниот јавен обвинител се уште ја има можноста, дури и за случајот Талир доколку констатира по допрениот глас дека има индиции за сторениот криминал да си отпочне истрага и таа истрага потоа да кулминира со обвинение а обвинението да си заврши со осудителна или ослободителна пресуда, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Мицкоски.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...