Мицкоски: Предлагаме државниот јавен обвинител да ги преземе и прераспредели случаите на компромитираното СЈО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во вестите на Сител телевизија изјави дека ВМРО-ДПМНЕ предлага државниот јавен обвинител да ги преземе случаите на СЈО кое веќе е компромитирано и тие случаи да ги прераспредели во истата фаза во која што се наоѓаат.

Мицкоски посочи дека  сите предмети кои се покренати на ниво на обвинение до 30 јуни 2017, бидејќи тоа е законскиот рок за покренување на обвиненија од страна СЈО,  треба да ги преземе државниот обвинител, а не обвинителот кој што треба да го предводи новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

-Државниот јавен обвинител да ги преземе во фаза во која што се, дали се во фаза  на разгледување докази, распит на сведоци, завршни зборови, жалби пред апелација итн.  и согласно препораките на експертската јавност еве гледате во случајот професорот Калајџиев, тие процеси да ги распредели на обвинителствата таму каде што припаѓаат. Не се сите тие случаи организиран криминал и висока корупција. Дел од тие процеси ќе припаднат и во основните обвинителства, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека според Устав единствен надлежен кој што може да ги преземе и потоа да ги распредели обвиненијата кои што се поднесени заклучно рокот 30 јуни 2017 е државниот јавен обвинител.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...