Никола Мицевски координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието по повод предложените законски измени за јавно-приватно партнерство обраќајки се на пратеникот Хари Локвенец истакна дека власта сака притајно да го помине, но ќе претставуваат огромен проблем овие законски измени, спорното е во тоа што со измената во членот 41 се дава простор за влијанија, па општините и градоначалниците ќе имаат проблем при реализацијата на договорите за јавно-приватно партнерство.

-Ќе ги замолам колегите пратеници, вака набрзина склопено законско решение од страна на владата да не се протнува како решение на група пратеници, кои што ќе треба да бараат нешто кое што од самиот почеток ни дава за право да се сомневаме во лукративната природа на измените кои што треба да бидат направени со ова законско решение, вели Мицевски.

Пратеникот вели дека примерот со ТАВ и средствата кои се таму заробени, а кои се наведуваа како градежен бум, ветување што беше дадено лани и после две години власта пробува со измена на законот да донесете Анекс кој што е спротивен на сите услови во тендерската постапка и против сите услови на постапката за концесионерство и јавно приватно партнерство.

Тој го праша пратеникот на СДСМ Хари Локвенец дали ако вака се донесе измената на законот дали тоа не значи дека се доведува до заблуда во целата постапка, затоа што после склучен договор, може да биде предмет на измена и од старт одредени понудувачи кои не би ги исполниле условите да се појават на огласот и дадат понуда.