Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница рече дека Комисијата за политички ситем пред неколку дена го разгледувала извештајот за државниот совет за детско престапништво и се констатира фрапантна бројка каде повеќе од 80% од општините го немаат оформено општинскиот совет за превенција од детско престапништво.

-Ова прашање не треба да го креваме на политичко ниво, тоа е суштинско, се работи за деца и како пратеници предлагаме измени во Законот за правда на децата за на еден начин општините и градоначалниците да бидат приморани да го оформат овој Совет и бидејки се работи зза кратки измени во законот преедлагаме да оди по скратена постапка, истакна Илиоски.