Македонија е жртва на криминалниот октопод на чие чело е аболицираниот Зоран Заев

Соопштение до јавноста

Република Македонија е жртва на криминалниот октопод на чие чело е аболицираниот Зоран Заев. Македонската граѓани се жртва на СДСМ кој своите криминални пипци ги рашири во секоја пора од општествениот живот.

Никој не може да ја убеди јавноста дека човек како Зоран Заев кој е веќе три пати аболициран за тежок криминал не е вмешан во случајот Рекет. Јавноста не верува дека Зоран Заев не е главата на криминалниот октопод на СДСМ. Одговори мора да има кои високи државни и партиски функционери на СДСМ се вмешани во скандалот со изнудата и рекетот на политичари, бизнисмени и граѓани.

Одговор мора да има зошто ниту еден обвинител не е осомничен во овој случај и покрај признанието на Вилма Рускоска дека на доказите кои обвинителството ги поседува се слуша гласот на уште едно лице, обвинител?

Дали овој обвинител е Катица Јанева, за која се шпекулира дека веќе ја има напуштено државата? Зошто доколку се работи за Јанева таа не е осомничена и не се наоѓа во притвор?

Одговор од обвинителството мора да има и за тоа дали некои други луѓе од власта се вмешани во аферата рекет и доколку има за кои лица станува збор.

Обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта и да постапува во согласност законите. Правдата мора да важи подеднакво за сите, вклучувајќи ги и високите државни и партиски функционери од СДСМ. Доколку обвинителството не е на ниво на задачата и не се одважи да донесе правда во Македонија, правдата ќе се врати кога Зоран Заев ќе си замине. Кога правдата во Македонија ќе се врати ќе одговараат сите оние кои го прекршиле законот и оние кои биле должни да го гонат криминалот, а наместо тоа се ставиле во заштита на истиот.

 

                                                                                                                                                                                                                        Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...