Арсовски: Зошто Заев ја штити Катица Јанева и нејзиниот син Лазар Јанев кои заедно со Боки 13 уценувале и вршеле притисоци врз бизнисмени и политичари

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

 

Почитувани,

Рекетарите од власта се уште молчат и се обидуваат да ги заташкаат народски кажано најважните факти кои што треба да дадат одговор.

Катица Јанева заедно со нејзиниот син Лазар Јанев и Боки 13 рекетирале, уценувале и вршеле притисоци врз бизнисмени и политичари. Впрочем и самата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Мицкоски беа предмет на уцени и притисок од самата Катица Јанева. За тоа како што рековме има и сведок кој може да посведочи доколку биде повика претседателот во обвинителството.

Боки 13 заедно со врвот на власта, со врвот на СДСМ преку најблиските соработници на Зоран Заев кои ја уживаат доверба на Зоран Заев и безрезервна поддршка во се како што има и самиот Заев кажувано за своите соработници во интервјуата, се стекнале со изнуден рекет во вредност од десетици милиони. Засега, СДСМ и Заев по цена на штета на сите граѓани, ги кријат и се обидуваат да ги заташкаат раководните луѓе од врвот на СДСМ што рекетирале преку СЈО или таканаречените Кики и Фрики кои што се уште им го кријат идентитетот. Дали затоа што и Зоран Заев знаел и затоа тој самиот ги штити бидејќи со негова дозвола рекетирале?

Каде е Катица Јанева и дали е направен распит на нејзе и на нејзиниот син? Што се е откриено во телефонот на Катица Јанева и дали навистина другиот телефон го фрлила низ прозор при запленувањето на првиот. Доколку не е фрлен низ прозор и е изгубен или оставен во Белград како што тврди нејзиниот син и што се имало во него, под претпоставка дека може да е најден од органи на друга држава и зошто Катица Јанева не го пријавила истото во моментот кога го изгубила телефонот? Зошто Катица Јанева и син и кои се дел од рекетирањето се уште не се во притвор за да не може да влијаат врз сведоци во постапката?

Зошто не се соопштува колку прислушувани и снимани разговори таканаречени бомби се најдени кај рекетарите наменети за приватни цели и дали истите тие во моментот се уште кружат и се пуштени во промет за да може и други луѓе да ги рекетираат истите луѓе кои што биле предмет на уцена?

Ниедна глума на Заев не може да го испере од криминалот во кој е вмешан до гуша. Заев е главата на овој рекетарски октопод и антипод на борец против криминалот и корупцијата.

Зоран Заев и СДСМ кои што се мозоците на оваа афера за рекетирање за што предупредувавме одамна дека СЈО служи и е направено, веднаш треба да си поднесат оставки и да распишат предвремени парламентарни избори, за да може граѓаните да ги тргнат од власт.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...