Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Кои се тие бизнисмени чии возила завршиле кај роднините на премиерот и Која е оценката на ВМРО-ДПМНЕ за предложениот закон за ЈО?

Одговор: Во однос на првото прашање, медиумите веќе пишуват кои се тие бизнисмени, но јас би ве упатил да се обратите до Јавното обвинителство па да се одважи конечно ЈО и да ги изнесе со име и презиме сите оние кои што да речам на еден начин се офајдиле од целиот рекет од бизнимените кои биле оценувани и морале да го платат. За волја на вистината биле рекетирани директно од дружината на Зоран Заев.

Во однос на второто прашање за законот, практично Зоран Заев потврди уште еднаш дека сето она што го зборевме година, две откако е направено СЈО, дека е полно со криминал и корупција и дека не може да одговори на висина на задачата за која што е направено. Практично сега со угаснувањето на СЈО Зоран Заев го потврдува криминалот кој што го правеле и ги потврдува сите оние намери кои што ги имало СЈО да уценува и да биде од политички интерес на СДСМ и на Зоран Заев. Со спојувањето на СЈО во ЈО, односно со припојувањето, на некој начин со влегувањето тоа е практично прифатливо и тоа е една од да речам оние можности кои што беа понудени. Во однос на деталите на законот веднаш што биде анализиран ќе излеземе со конкретни забелешки, бидејќи треба време за целиот закон да видиме колку е поразличен од оној ние што го подготвувавме, колку е поразличен од точките кои беа разговарани на средбите на преговарачките тимови итн. А во однос на предлогот на нов практично Јавен обвинител како што го нарече Специјален јавен обвинител, Вилма Русковска, Зоран Заев ушт еднаш ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и Русковска обвнителството, односно ушт еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, односно човек кој што целиот изминат период работел за интересите на СДСМ и на оваа влада, и практично беше дел од таа селективна правда која што ја нарачуваше Зоран Заев од канцелариите на владата, а Русковска обвинителството и Кацарска судството ја исполнуваа на дело односно сите оние кои што беа против Зоран Заев, кои што ќе се обидеа да кренат глава против Зоран Заев,Русковска и Кацарска ги обвинуваа и ги судеа. Така да тоа е една лична желба на Зоран Заев која што за нас е далеку од прифатлива.

Прашање: Ако Русковска за вас не е прифатлива, кој е прифатлив?

Одговор: Рано е да се разговара за тоа, затоа што додека ги изнесеме забелешките од предлог законот кој што испрати владата до Собранието и до политичките партии, до тогаш може повторно да потенцирам дека ние остануваме фокусирани на две работи, едната е да работиме на нашиот предлог закон, односно документот кој што веќе изјавивме јасно дека ќе го поднесеме до Собранието. А втората работа е дека настојуваме за разговор за датум за предвремени парламентарни избори бидејќи сега се повеќе потребни од било кога претходно.

Прашање: Дали ова значи дека остануваа две верзии една што ја предложи вчера премиерот и една која вие ќе ја предложите до Собранието и ќе ја објавите и пред пратениците ќе се најдат две верзии ?

Одговор: Нас ни е и повеќе од важно да течат реформите во Република Македонија за кои што Зоран Заев одамна покажа дека не е подготвен да ги спроведе, односно не е подготвен да работи на нив. Веќе месеци наназад тимови од ВМРО-ДПМНЕ и тимови од Министерството за правда работат заеднички со дијаметрални ставови на изработка на Законот за ЈО. До моментот додека не излеземе со конечна анализа односно забелешки негативни, позитивни страни на нивниот закон, ние остануваме фокусирани на изработка односно дофиниширање на нашиот. Во моментот кога ќе излеземе со забелешките и негативностите, бидејќи само што почна да се анализира, ќе видиме колку е спротивен, колку е различен,а колку е ист тој закон кој што го има предложено Зоран Заев со нашите ставови, за веднаш  потоа да излеземе да понудиме не конечно решение, меѓутоа прилично опфатлив за сите политiчки партии, а се со цел за директен бенефит на граѓаните и неселективна правда да има во Република Македонија.

Прашање:Вчера имавте средба со лидерот на БЕСА Касами. Во кој насока е средбата? Дали можеби се договара некаква предизборна соработка или станува збор за редовни средби и дали такви средби имате со останатите партии?

Одговор:Видете лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски веќе самиот наназад изјави дека како лидер на најголемата политичка партија во опозиција, има средби буквално со сите важни  политички чинители вклучително и од албанскиот блок. Да не ве чуди доколку лидерот Мицкоски се сретне и со лидерите на другите албански партии се со цел за обединување, за  конечно обединување да се порази ова зло кое што во моментот и се случува на Република Македонија. Така да сите оние кои што ги делат нашите ставови во однос на не само критики, туку и реални проблеми кон оваа влада можат комотно да седнат со нас, да разговараат, да ни се приклучат и заедно ја поразиме оваа влада на Зоран Заев и овој октопод на СДСМ, кој што како што гледаме секојдневно рекетира, тепа граѓани, како нивните градоначалници, шверцува, нарачува полче. Така да таа е една од редовните средби, меѓутоа да не ве зачуди доколку и во наредниот период се случат и други такви средби.

Прашање:Какви сигнали доаѓаат, има ли простор за соработка, гледате ли простор за некакво заедничко делување?

Одоговор:Како што реков тоа се сега само средби на кои што се разговараат реалните проблеми. Како што знаете сите политички партии во опозиција, освен власта која што во моментот дивее низ Република Македонија ги имаат истите проблеми како нас, ги делат истите проблеми и сите имаме една заедничка цел а тоа е да се порази оваа влада на СДСМ и конечно да дојде нова влада предводена од подготвени и кадарни луѓе кои што ќе ја понесат Република Македонија напред во реформите и ќе можат конечно да ја доближат кон Европското семејство. Во однос на сигналите би можел само да кажам дека сите оние кои што имаат исти размислувања против власта заедно со нас, се тука заедно со нас да седнат на маса и да разговараат на сите отворени опции, дали е за понатамошна соработка, дали е за заеднички размислување итн, ние сме подготвени и ние сме тука.

Прашање:Бидејќи се откажа лидерската средба а една од темите беше Пописот, кој е сега вашиот став за пописот дали ќе се одржи?

Одговор:Очекувам најпрвин да бидат прифатени нашите забелешки кои што се во согласност со ЕУРОСТАТ. Тоа е меѓународна организација која што е задолжен за бројките. Во однос на пописот како што беше предложено во април или наредната пролет мај 2020 година очекувам дека тој период, тие месеци би имало предвремени парламентарни избори така да пописот реално би требало да се одвива на почетокот на една декада тоа е дури 2021 година, како што реков согласно препораките на ЕУРОСТАТ. Никакви политички пазари кои што ги правел Зоран Заев во минатото за да дојде на власт, нема да можат да го попречат нормалното функционирање и нормалното регулирање на пописот во државата. Така да останува во 2020 година на пролет да очекуваме предвремени парламентарни избори, Заев да се охрабри а во однос на пописот да се откаже од таа луда намера која што му била можеби и пред изборите коалиција или договор и конечно во 2012 година да го реализира според европските начела.

Прашање: Дали сметате дека треба да прекинат сите отворени  случаеви на СЈО?

Одговор: Видете едно е јасно дека во моментот со потврдата на Зоран Заев дека Катица Јанева, односно дека СЈО треба да се затвори потврдува дека до сега, до моментот СЈО работело на принцип на рекет на уцени и не се водени истрагите како што треба. Во однос на сите други ставови дали треба, како треба и што треба ќе излеземе кога ќе се анализира целиот закон тоа би било наредните денови и тогаш ќе можеме да одговориме на сите подетални прашања. Инаку како што рековме претходно така и сега за нас е важно да има неселективна правда и нормално секој кој што се огрешил пред законот да одговара, а оној кој што не се огрешил да не биде предмет на политички притисоци, политички уцени само заради тоа што не размислува како Зоран Заев или само затоа што не го платил рекетот кај Катица Јанева.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...