Од ден во ден случајот Рекет добива се поголеми размери, а Заев и СДСМ молчат и се обидуваат да се исперат од целиот криминал

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Случајот РЕКЕТ кој е една од најголемите афери и случаеви на Владата на СДСМ каде што се вмешани директно СДСМ и нивни луѓе иако од петни жили се обидуваат да го негираат истото.

Од ден во ден овој случај добива се поголеми размери целиот скандал, а Заев и СДСМ молчат и се обидуваат да се исперат од целиот криминал во кој се вмешани во овој случај наречен „Рекет“.

Заев и СДСМ да одговорат на следните прашања кои или ги избегнуваат или се обидуваат да ги замолчат новинарите на прес конференциите на Заев да не ги постават.

Медиумите веќе пишуваат, а СДСМ уште веднаш да одговори – Како можно луксузни автомобили да завршиле во семејството кај Зоран Заев, односно кај неговиот братучед Трајче Заев? Потенцирам луксузни автомобили кои што биле во сопственост на рекетираните бизнисмени. Истите коли може да се видат како ги возат роднини на Зоран Заев низ Скопје или низ Струмица.

Зошто најпрвин поднесе оставка Катица Јанева, за потоа после 2 дена да отвори боледување?

Кој е доктор и зошто и отворил боледување на Катица Јанева, која како што знаеме два дена претходно поднесе оставка? Доколку е фиктивно и во насока да ја заштити Катица Јанева, докторот кој го отворил боледувањето треба да е свесен дека ќе одговара за таа постапка.

Зошто не се расчистат сомнежите каде се крие Катица Јанева и дали е во или надвор од Република Македонија?

Зошто Катица Јанева и нејзиниот син Лазар Јанев се уште не се повикани на распит во ЈО? Сомнежите кажуваат дека токму синот на Катица Јанева, Лазар Јанев одел со Боки 13 на состаноци со рекетираните бизнисмени и заедно со него уценувал.

Молкот на овие прашања потврдува дека СДСМ и раководството на СДСМ стои директно позади целиот овој криминал и ја штити Катица Јанева од целиот криминал.

Залудни им се сите потпишани и изгласани декларации за гонење на криминал и корупција каде што луѓето кои се вклучени во РЕКЕТОТ ги гласаат истите декларации. Тоа само покажува колку лудилото во СДСМ ја достигнало бесконечноста.

Ова е октопод на кој треба да му се скине главата, а не пипците за потоа пак да му пораснат и повторно да гледаме по улиците како се рекетираат луѓе бизнисмени, политичари како се уценуваат.

Што побрзо се скине главата на октоподот, односно Заев падне од власт, толку побрзо државата ќе тргне напред.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...