Заев, главата на вториот октопод на СДСМ, крие кои се Кики и Фрики од рекетарските приказни

Интегрален текст од изјава за медиуми на Валентин Манасиевски

Почитувани,

Зоран Заев, главата на вториот октопод на СДСМ, крие кои се Кики и Фрики од рекетарските приказни. Зоран Заев ги крие бидејќи се високи функционери и негови блиски соработници кои доколку се соочат со правдата може и самите да почнат да говорат за криминалите на нивниот шеф. Овие два лика, според информациите во јавноста, директно се поврзуваат со аферата за организирано рекетирање заедно со приведениот Бојан Јовановски познат како Боки 13.

Еве да им помогнеме на органите на прогонот и на Зоран Заев да се сетат кои се Кики и Фрики. Нашите информации велат дека двајцата имаат пратенички имунитет и дека се дел од владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија.

Доколку Јавното обвинителство продолжи да глуми дека не е од тука и дека не ги знаат Кики и Фрики, тогаш постои сериозна опасност дека ќе земат уште поголем залет за да си го наплатат стресот и вознемирувањето.

Почитувани Кики и Фрики, Вимблдон заврши, а светски рекет број 1 остана Новак Ѓоковиќ. Сте запнале да го надминете во пресрет на УС Опен ама малку сте се збуниле. Подобро пробајте во мешани двојки ама на тениски терен.

Рекетот користете го за тенис, а не за изнуда на пари. Не и треба на Македонија рекет број 1 како вас, Зоран Заев или Боки 13.

Почитувани,

Ова е РЕКЕТ, ама целосно легален и дозволен.

Овој РЕКЕТ им го оставаме и очекуваме дека ќе го користат правилно и со тоа ќе го подобрат своето психо-физичко здравје, а за досегашното практикување на рекетот ќе им се суди без можност за челинџ, бидејќи ги истрошија сите кредити.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...