СДСМ да одговори зошто Заев ја штити Катица Јанева и дали Кики и Фрики се високи претставници на партијата

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ наместо да испраќа паушални соопштенија каде што ништо не кажува, време е да одговори зошто нивниот аболициран шеф Зоран Заев ја штити Катица Јанева?

Кои се Кики и Фрики во рекетарската приказна и дали се високи претставници на СДСМ?

Заев е главниот промотор и заштитник на криминалот.

СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите во Република Македонија.

Јавното обвинителство мора да направи сериозна истрага и да утврди дали Зоран Заев учевствувал во рекетирањето и колкав процент земал од рекетот.

СДСМ не спроведе ни Р од реформа. Единствената мерка која ја донесоа е криминалот, корупцијата, уцените, насилството, рекетарството и поткупот.

Правдата во Македонија ќе се врати, тогаш кога Заев и СДСМ ќе си заминат.

Законите мора да важат подеднакво пред сите.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...