Општина Гази Баба прераснува во општина со најмногу диви депонии

Интегрален текст од изјава за медиуми на Тони Бојковски, претседател на Советот на Општина Гази Баба

Почитувани,

Општина Гази Баба со забрзано темпо прераснува во општина со најмногу диви депонии во Република Македонија.

Имено по пријава на граѓаните на населено место „Кирил Петрушевски“ дојдовме на лице место да ги охрабриме надлежните институции да реагираат на оваа еколошка катастрофа што зазема огромни размери.

Се наоѓаме на некогашната потенцирам некогашната депонија Вардариште.

Оваа депонија како што можете да видите не е веќе некогашна. Некој си дозволил да ја активира и да положува милиони тони шут и отпад.

Градоначалник на Гази Баба, Борче Георгиевски и градоначалник на Град Скопје, г. Петре Шилегов, бараме под итно запирање на активностите на оваа дива депонија затоа што во населено место „Кирил Петрушевски“ не живеат луѓе од втор ред.

На добар пат сме да бидеме најзагадената општина во Република Македонија. Далеку се граѓаните на општина Гази Баба од животот што им го ветивте и граѓаните не го заслужуваат ова.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следната седница на Совет ќе предложи решение за оваа дива депонија и не отстапуваме до конечната реализација за населено место „Кирил Петрушевски“ и Општина Гази Баба да биде пристојно место за живеење.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...