Стоилковски: Дали градоначалникот Георгиевски освен политичкиот има и материјален интерес од дивоградбата на Нефи Усеини?

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Централната и локалната власт во Охрид ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните. Тие при очи го прават народот слеп, па го убедуваат дека едвај на прсти се броеле дивограбите во Охрид, поради кои е загрозен статусот на градот во УНЕСКО.

Дали кога бројат на прсти ја бројат и дивоградбата кај чинарот во сопственост на советникот во Охрид Нефи Усеини?

 

Нормите за градење се јасни кога станува збор за вакви дивоградби каква што е дивоградбата на Усеини која што власта во Охрид, но и централната власт ја толерира.

 

Законот во член член 244-а вели дека: Тој што гради или изведува градба или врши надзор  над градба без одобрение за градење  или спротивно од одобрение за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од 3 до 8 години. Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на закон или не издаде одобрение за градење, односно не го одбие барањето за градење во соодветен рок пропишан во член 59 од законот одговорното односно службеното лице подлежи на кривична одговорност согласност Кривичниот закон.

Градоначалникот на Охрид и локалната власт, наместо да постапуваат според законот за градење и да ја урнат дивоградбата, си играат мајтап со јавноста и ги оставаат бизнис – партиските интереси пред интересите на граѓаните. Тоа веќе е очигледно бидејќи речиси половина година не се постапува, ниту кога дивоградбата беше во зачеток, ниту денес кога дивоградбата се претвори во дел од угостителски објект од која некој дебело заработува.

Затоа јавно прашуваме:

Дали градоначалникот Константин Георгиевски освен политичкиот има и материјален интерес од оваа дивоградба?

Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеини за оваа дивоградба?

Дали градоначалникот Георгиевски е свесен дека заради непостапувањето и тој лично станува соучесник во ова прекршување на законот и самиот може да биде кривично гонет?

Јавноста и во случајот со дивоградбата во Охрид јасно гледа дека оваа криминална власт нема абер од почитување на законите. За нив власта е само гола политичка алатка за личен бенефит и ништо повеќе од тоа.

Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал и за тоа мора да има кривична одговорност. Ако сега се чувствуваат комотни и заштитени, треба да знаат дека ќе дојде време кога обвинителството ќе биде ослободено од канџите на Зоран Заев и сите ќе одговараат. Тоа време брзо ќе дојде .

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...