Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оствари првата официјална средба со новата американската амбасадорка Кејт Мери Брнс

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оствари првата официјална средба со новата американската амбасадорка Кејт Мери Брнс.

Мицкоски и посака добредојде на Амбасадорката и изрази надеж дека соработката во текот на нејзиниот мандат ќе биде во насока на подобрување ба стратешките односи помеѓу Република Македонија и САД.

Мицкоски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ пријателството помеѓу Република Македонија и САД е од особено значење.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за партијата клучен стратешки интерес е членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

 

 

    Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...