Зоран Заев е глава на октоподот

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

Зоран Заев е промотор и заштитник на криминалот. Зоран Заев е глава на октоподот.

Единствениот три пати аболициран политичар во Европа до вчера ја форсираше и штитеше Катица Јанева која ги извршуваше неговите нарачки за пресметка до неистомислениците.

Очекуваме истрагата да утврди дали Зоран Заев учествувал во таргетирањето, рекетирањето и прикривањето на изнудите врз бизнисмените и колкав процент од рекетот има земено.

Дали е ова причината што се крие идентитетот на Кики и Фрики и истите во моментов се изземени од истрагата? Што знаат Кики и Фрики за криминалите на Заев па тој не сака да ги открие своите високи функционери и соработници.

Ако постои правна држава ќе се докаже вмешаноста на врхушката на СДСМ во скандалот што ја потресе Република Македонија.

Обвинителството доколку не е во рацете на власта ќе постапи во името на правото и правдата.

Самите материјали кои ги поседува обвинителството ќе дадат одговор кои се се замешани во оваа афера.

ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирана на реформите  бидејќи реформите се важни за Република Македонија.

Истовремено ВМРО-ДПМНЕ бара одржување на предвремени парламентарни избори во име на демократијата и во име на правдата.

Време е да се стави крај на вакви корумпирани луѓе за да можеме да продолжиме да се градиме како држава која ќе нуди иднина за секој граѓанин.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...