Одговор на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Господине Мицкоски во една прилика пред изборите кажавте дека госпоѓата Катица Јанева ви дала некаква понуда со цел вие да ја поддржите за нејзин реизбор, беше ли дел од овој обид за поткуп, или тргување и со влијание и со вас?

Одговор: Јас и тогаш кажав но еве и денеска ќе го повторам тоа што и тогаш го кажав дека во еден разговор со специјалната јавна обвинителка околу иднината на имотот на ВМРО-ДПМНЕ од нејзина страна од мене беше побарана поддршка за Законот за јавното обвинителство, а се со цел таа да го одмрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ. И подготвен сум за ова да сведочам но и подготвен е и третиот присутен исто така да сведочи за ова што го зборувам.

Прашање: Бевте ли обвинителството? Бидејќи од обвинителството повика секој што има да каже нешто таму да се обрати.

Одговор: Објективното „обвинителство“ по допрен глас до сега можеше да постапи и веќе да покрене обвинение за уцена кон лидер на опозиција. Ама за жал ова е се, не само објективно обвинителство. Каде се индициите од театарот „Порошенко, Столтенберг“, каде се индициите од набавката на системот за следење за навигација, каде се оние разговори каде што обвинители и судии веќе две години се снимани, каде се десетици случаи во оваа држава каде што овој т.н „независен“ обвинител требаше до сега да постапи. Или врвот на постапувањето е да се одземе на госпоѓата Катица Јанева мобилниот телефон. Тоа е срамота што денеска се случува во Република Македонија. Катица Јанева која што требаше да биде заедно со нејзиниот тим симбол за правдата во оваа држава поддржана од врхушката на оваа власт, стана симбол за еден нов октопод и криминал во оваа држава.

Прашање: Чија оставка ќе барате, го кажавте зборот оставка во множина, значи ќе барате повеќе оставки, ќе може ли да бидете попрецизни?

Одговор: Видете, затоа јас поставив неколку прашања и побарав одговори за тие прашања и останува од страна на владата, обвинителството, па еве они нека постапуваат и нека дадат одговори на тие прашања. Еве нека допре конечно еднашка гласот на објективниот глас за објективни одлуки од страна на обвинителството. Инаку оставка бараме од владата и организирање на предвремени парламентарни избори.

Прашање: Имате ли информации кои се ликовите Кики и Фрики кои Вие ги споменавте? И дали тоа се двајцата пратеници за кои медиумите веќе објавуваат дека се опфатени со истрагата?

Одговор: Па, да оставиме на органите на прогонот и обвинителството да си ја завршат ако се објективни домашната задача да се размавнат, имаат широк терен, имаат докази, самите рекоа дека имаат материјали видео и аудио. Мислам дека тие материјали ќе дадат одговор кои се замешани во оваа афера. Затоа уште еднашка ќе потсетам „Не се секирај, се ќе биде во ред“.

Прашање: Каков ќе биде кредибилетот на СЈО по оваа афера?

Одговор: Па зар ние сега ќе разговараме за кредибилитет, зар се уште тој збор ќе го поврзуваме со Катица Јанева и СЈО? Мислам дека беспредметно е воопшто да губиме време да разговараме за било каков кредибилитет и на специјална јавна обвинителка, но и на тимот кој што ја поддржуваше специјалната јавна обвинителка. Иако ќе повторам апелиравме, цело време зборувавме дека се злоупотребува нејзината позиција за политички уцени и рекетирање на бизнисмени.

Прашање: Неколку пати рековте, цитирам „Компромитирано СЈО е минато“, а од друга страна работните групи преговараат за Законот за Јавно обвинителство, што е сега на маса нов формат за СЈО, комплетно нови кадри?

Одговор: Идејата уште на самиот почеток   на тие преговори е дека откако ќе му замине, истече мандатот на СЈО тоа престанува со постоење. Ние зборуваме за Јавно обвинителство каде што ќе има јасна субординација, каде што ќе се знае кој е јавниот обвинител, каде што ќе се знае кој е обвинителот  кој што ќе се занимава со гонење на висока корупција и криминал, кој е обвинителот кој што ќе се занимава со гонење на организиран криминал и корупција итн. Ние никогаш не сме разговарале за мандат кој што СЈО би го имало и како продолжение на овој закон кој што беше донесен пред 4 години и кој што  е резултат на политички договор.

Прашање: Има ли комплетно нови кадри доколку се договорите за СЈО, според Вас?

Одговор: Има принцип како се бираат обвинители и судии во оваа држава, но доколку мене ме прашувате и прашањето подразбира дали ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија  би поддржал дел од кадрите кои што се дел од СЈО, одговорот ќе биде негативен.

Прашање: Господине Мицкоски, госпоѓата Ленче Ристовска сега има прес конференција во моментов, и рече дека се што е покренато досега е законски за кривичните дела,  Ваше мислење?

Одговор:  Не сум го слушал пресот на госпоѓата Ленче, но јас тоа што можам да го кажам, врз основа на онаа навигација која што јас ја поседувам е следново. Законот за СЈО е  јасен. Се што е покренато до 30.6.2017 е покренато обвинение од страна на овластен тужител во случајот СЈО. Се што е покренато после 30.6.2017 е дејство на неовластен тужител. Сега се поставува прашањето зошто тоа го правеле, еве гледате. Ќе ви покренат насилнички процес за да може да ве рекетираат. Но единственото дело ќе ве потсетам,  и ќе ја потсетам македонската јавност, кое што после 30.6.2017 завршува со обвинение е случајот Талир каде што партијата ВМРО-ДПМНЕ е вклучена.  Значи јасно е што се правело и која била интенцијата на инструментот на врхушката на власт. Од една страна да се врши политички притисок врз неистомислениците, а од  друга страна да се покренуваат обвиненија и да се рекетираат бизнисмени во оваа држава. И вие денеска како независна јавност јас ве замолувам најискрено, објективно да следите и внимателно како ќе се развива овој случај.

Прашање: Сега кога знаете дека случаите биде со дебела политичка процедура, кога знаете сега дека се барало поткуп за да се ослободат нивните случаи и слично, ќе дадете ли сега некаква експертиза на обвиненијата, дејствувања на обвиненијата покренати од СЈО?  

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирана на реформите  бидејќи реформите се важни за Република Македонија, но истовремено ВМРО-ДПМНЕ бара одржување на предвремени парламентарни избори во името на демократијата во името на правдата, во името на правдината и да се стави крај конечно, еднаш на вакви корумпирани луѓе во оваа држава за да можеме ние да продолжиме понатаму да се градиме како држава која ќе нуди иднина за секој еден граѓанин. Тоа е суштината во која ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана.

Прашање: Минатата недела ДУИ излезе со еден став, некаков предлог или фрлена ракавица ако сакате со политички речник, во однос на датум за одржување на парламентарни избори. Отприлика гласеше, средината на мај, почетокот на јуни. Поради пописот, или во октомври. Вчера премиерот го повтори датумот за октомври. Што според вас би значеле предвремени избори?

Одговор: Видете во октомври, тоа се практично редовни избори. Но терминот тоа е личен мој став, се уште не е разгледуван во рамките на органите на партијата. Терминот, април месец делува симпатично

Прашање: Уште едно прашање само кога рековте дека април делува симпатично за предвремени избори, меѓутоа тогаш нели се планира и пописот?

Одговор: Видете, ВМРО-ДПМНЕ не го планира пописот во април 2020. Вие ме прашавте, вашиот колега или колешка беше кој датум би бил прифатлив. Јас дадов одговор. Ако ме прашувате кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за пописот еве ќе ви одговорам. Ваков каков што е предвиден, ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати законот за попис и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика граѓаните на Република Македонија да не се попишуваат. Токму затоа е целта на тие работни групи да преговараат и да приготват закон кој што ќе одговори на статистичка операција, каде што Македонија ќе добие одговор како ќе се развива во иднина.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...