Зелената нафта е задоцнета мерка со која власта ги манипулира земјоделците

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Трајан Димковски

Зелената нафта е уште една задоцнета мерка со која власта ги манипулира земјоделците и ја лаже јавноста. Мерката како што власта сака да ја спроведе е селективна, неправична и нема реално да им помогне на земјоделците во Република Македонија.

Половина од земјоделците нема да ја добијат зелената нафта затоа што власта предвидува само 55.000 картички, а во Република Македонија регистрирани се над 100.000 земјоделци. Тоа дава сомнежи за начинот на избор кој ќе ги добие картичките и отвора прашање дали можеби изборот ќе се врши во општинските организации на СДСМ.

Селективноста  и неправичноста оди до таму што цели групи како на пример сточарите никогаш нема да ја добијат зелената нафта, а одредени култури кои трошат повеќе за нафта би добиле иста субвенција со тие кои трошат помалку.

Дополнително власта нема направено темелна анализа за придобивките ниту за прилагодување на условите на земјоделството во државава.

Доколку се направи анализа спрема трошоците пред покачувањето на акцизата и колку потоа се качи цената на горивото и трошоците на земјоделците, може да се забележи дека со оваа минимална мерка воопшто нема да се покријат зголемените трошоци кои земјоделците ги имаат последниве две години.

Ако власта сака навистина да им помогне на земјоделците треба да ја укине акцизата која не само што значеше покачување на нафтата туку доведе до значително зголемени трошоци за граѓаните вклучително и земјоделците во Република Македонија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...