Лагите, неработењето и негрижата од страна на владата на СДСM заедно со Царовска најмногу ги чувствуваат младите

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на министерство за труд и социјална политика

Лагите, неработењето, негрижата од страна на влада предводена од СДСM заедно со министерката за труд и социјална политика најмногу ги чувствуваат младите.

Имено министерката Царовска на „Светскиот ден на вештините на млади“ повторно успеа да претстави нереални и невистинити податоци.

Гаранцијата за младите остана уште едно неисполнето ветување на СДСМ и Царовска. Заев и Шекеринска во предизборните кампања ветуваа дека ќе им се овозможат на младите да добијат грантови за отворање на сопствен бизнис во вредност од 10 илјади евра, а минатата година АВРМ не додели ниту еден таков грант.

Лажни податоци се пласираат на граѓаните. Откако СДСМ е на власт очигледно е доцнење со донесувањето на Оперативниот план. Тоа како да не беше доволно за СДСМ па во 2018 година го укинаа и Оперативниот план за вработување на млади лица.

Имено Оперативниот план за вработување на млади лица го воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ, акцентот беше ставен на вработување на млади лица, обуки за ИТ вештини, практиканство и сл. ВМРО-ДПМНЕ отвори нови над 170.000 работни места, ги креираше сите мерки за вработување, ги воведе и успешно ги реализираше 10 години.

Оваа криминална Влада може да се пофали само колку млади избрка и колку фабрики не се отворени.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...