Зоран Заев од позиција на премиер го урна достоинството и угледот на државата и кон соседите и кон Европа и кон Украина

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Срамот кој што Заев и го приреди на Македонија е меѓународен. Од позиција на премиер го урна достоинството и угледот на државата и кон соседите и кон Европа и кон Украина.

Тој во разговорот со лажниот Порошенко крајно недипломатски, како на селска чешма, си дозволува како стрина да го озборува и исмејува некој што е  актуелниот претседател на Украина, Владимир Зеленски. Зоран Заев си зема слобода, без да го познава, претседателот Зеленски да го нарекува несериозен “комплетен популист“.

Заев констатира „Знам знам, Комплетен популист, ништо повеќе и ништо помалку од тоа. Бидејќи добива поддршка од луѓе кои што се шегуваат, се смеат и не се сериозни … Но граѓаните не секогаш се внимателни за иднината на државата и понекогаш прават проблеми”.

Вмимавајте, Заев констатира дека граѓаните се несериозни и прават проблеми! Оваа констатација кажана во разговорот со двајцата комичари мислејќи дека разговара со Порошенко Заев само продолжува со она што претходно се сложува, а тоа е предочениот сталинизам за изборите и за тоа дека не е важно кој како гласа туку кој ги брои гласовите!

Пранкерите дури и му се откриваат во разговорот. „Ако биде тој Зеленски избран, кој понатаму би бил претседател, можеби руските комедијанти Вован и Лексус“?  А Заев вели Не е шеега, пресериозно е! Пранкерите Да да пресериозно е прашањето.

Па почитувани, комедијантите дури во разговорот му се откриваат и Заев и тој продолжува ов негов стил! На нивната констатацијата дека Зеленски можеби не директно, туку преку неговите подржувачи добиваат пари од Русија, Заев повторно се согласува.

Да, тој очигледно е против тебе, и Русија очигледно е против тебе, и преземаат такви чекори.

Заев оди до таму па се согласува со соговорникот дека Зеленски според неговата логика дека е “платеник на Русија“.

Замислете Заев, човекот кој цела година разговараше со измислено другарче и во континуитет разговарал со комичари, се дрзнува да го нарекува несериозен претседателот на Украина Зеленски. Ќе се согласите,  и од Заев да е, премногу е.

Украина е пријателска земја на Република Македонија, а Украинците се пријателски народ на македонскиот народ. За жал се уште не слушнавме Зоран Заев да се извини и на Зеленски и на Украинскиот народ за навредите кои што ги има упатено, а се меѓународно познати. Ова е премногу сериозно за да се сфати како обична шега на која Зоран Заев наседнал. Ова е дипломатски скандал и за ова Зоран Заев мора да понесе одговорност.

Неговата неодговорност и несериозност и прави штета на Република Македонија. Тој мора да си поднесе оставка и што побрзо да следат предвремени парламентарни избори, бидејќи секој поминат ден на позицијата премиер штети на државата во целост.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...