Заев мора да понесе одговорност за срамот што и го нанесе на Македонија

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски

СДСМ мора да престане да ги релативизира хавариите што ги направи и се уште ги прави Зоран Заев како на домашна, така и на меѓународна сцена. Дипломатскиот скандал, кој е штетен за државата, мора да биде осуден од страна на сите политички субјекти во државата и Заев да понесе одговорност за срамот што и го нанесе на Македонија. Доколку е доблесен политичар во најмала рака да се извини на пријателска Украина и народот кој во телефонските разговори со комичарите го нарече несериозен и проблематичен.

Заев за кратко време од само две години, успеа Македонија да ја понижи на меѓународен план и да ја раскара со државите од регионот, па и подалеку како што е Украина.

Граѓаните на Република Македонија се уморни од несериозноста на Заев. Тие не заслужуваат премиер кој што, што и да направи каде и да се појави во јавност е проследен со скандали.

Заев итно треба да си поднесе оставка и по вонредни парламентарни избори, бидејќи ваквите комедијантски телефонски разговори може да ја нарушат довербата кај државите кои со години се партнери на Македонија, како и да ги доведат во прашање евроинтегративните процеси на државата.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...