Се покажа дека манипулаторот Заев намерно изнел скратена и монтирана снимка за да ги доведе во заблуда граѓаните во врска со убиството на Мартин Нешковски

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Костадин Ацевски

Зоран Заев мора кривично да одговара за поттикнување. Со објавената интегрална снимка се гледа дека докажаниот манипулатор и лажго Заев свесно и намерно изнел скратена и монтирана снимка со цел да ги доведе во заблуда граѓаните на Република Македонија во врска со убиството на Мартин Нешковски.

Заради неговата измама и манипулација 40-тина полициски службеници беа сериозно повредени, десетици добија кривични прекршочни пријави, а беше причинета и огромна материјална штета во насилните протести кои следеа после лагите на Заев.

Време е обвинителството да почне да се меша во својата работа и да покрене постапка против Заев за поттикнување на кривично дело.

СДСМ треба да одговори каде е  сега убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов и дали заради неговата блискост со Заев  и срдечниот поздрав во затворот истиот не ја издржува казната во затворот Идризово.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...