СДСМ се обидува да ја искористи последната шанса да ги вработи партиските  послушници пред нивното заминување од власт

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Маја Славева

СДСМ се обидува да ја искористи последната шанса да ги вработи партиските  послушници пред нивното заминување од власт.

Никој не може да биде слеп и глув на колективните вработувања на роднините и пријателите на Кирацовски,  вработувањето на сестрата на министерот за економија во МЕПСО, вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојановска во ЕЛЕМ, како и мајката на пратеникот Костадин Костадинов, која си поднесе оставка, а да не го заборавиме и вработувањето на  Стојанче Ангелов во М-НАВ.

СДСМ во времето кога делуваше како опозициска партија беше најгласна за наводно пренатрупаната администрација, а сега не престанува со вработувања токму таму.

На власта и гори под нозе власт, знае дека ја губи моќта и решава на овој начин да ги задоволи незадоволните партиски послушници додека не се распишат нови избори.  За оваа цел ги менуваат систематизациите на институциите за да бидат прилагодени на профилите на изворно партиските луѓе.

Се покажа дека оваа расипничка власт досега се грижеше само за своите лични интереси и бизниси, но никако за доброто на државата.  За само три години успеаја да ја сведат јавната администрација на најниско можно ниво кое не било запаметено во Македонија, за која и Европската Унија постојано дава негативни забелешки. Но, СДСМ не посветуваат внимание на тие забелешки, туку упорно ги згрижува  партиски војници и послушници кои не знаат да ја работат работата која ја бара работното место.

Деновите за понатамошни грабежи на државниот буџет им се тенчат, свесни се за нивниот пропаст и паниката помеѓу нив е се поголема.  Обвинувањата кон опозицијата за нивните тригодишни грешки се провидни, летаргични и нереални.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...