Приказната  за Али Баба и 40-те разбојници добива нова верзија во Македонија каде главен лик е токму Зоран Заев заедно со неговите криминалци

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ наместо да се фрустрираат и да испраќаат нервозни соопштенија, подобро е да се обратат кај  Зоран Заев да ги смири и да им подели од украденото. Се ближи крајот на криминалите и крадењето, па имаме разбирање за ваквите изливи на фрустрации.

Приказната  за Али Баба и 40-те разбојници добива нова верзија во Македонија каде главен лик е токму Зоран Заев заедно со неговите криминалци од врхушката во власта.

Откако е Заев премиер граѓаните се повеќе осиромашуваат додека на неговото семејство им цветаат бизнисите со марихуана, камионите им возат за РЕК, ги имаат „Герас Цунев“, и  „Цареви кули“, а исто така си го имаат и земјиштето од струмичката касарна кое го стекнаа на сомнителен начин.

Дополнително на тоа сведоци сме како останатите функционери околу Заев, секојдневно местат тендери, сами себе си доделуваат грантови и си ги вработуваат своите најблиски во државните институции за плати кои обичните граѓани само ги сонуваат.

Малку им беше тоа па затоа почнаа да ги рекетираат  бизнисмените во Македонија, а на граѓаните им натоварија зголемени даноци, покачена акциза за горивата и поголеми трошоци за живот.

Со овие криминалци на власт граѓаните живеат во се поголема беда. На Република Македонија потребни и се промени кои единствено ќе се случат кога Заев и неговиот криминален картел ќе си заминат од власт.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...